Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 45 оздравени, 15 новозаразени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Најнова состојба: 45 оздравени, 15 новозаразени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Секојдневно се зголемува бројот на оздравени лица од коронавирус и веќе нема активни случаи во шест градови во кои беа регистрирани лица позитивни на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие, Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје (19), Куманово (25,) Прилеп (1).

Коронавирус

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (2), Куманово (7), Прилеп (4), Тетово (1) и Струга (1).

Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Коронавирус

Согласно ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.