Почетна » Новости » Актуелно » Кралот Чарлс има рак, му бил дијагностициран по неодамнешната операција

Кралот Чарлс има рак, му бил дијагностициран по неодамнешната операција

Кралот Чарлс е исправен пред огромен здравствен предизвик. На британскиот монарх му беше дијагностициран рак.

Бакингемската палата соопшти дека Чарлс има форма на рак, започна со лекување и се повлекува од кралските должности во јавност. Според официјалните информации, не станува збор за рак на простата, иако дијагнозата била поставена непосредно по неговата неодамнешна операција за зголемена простата.

Кралот Чарлс

„За време на неодамнешната операција за бенигно зголемување на простата, беше забележан друг проблем. Дијагностичките тестови идентификуваа форма на рак... Тој е потполно позитивен во однос на третманот и со нетрпение очекува да се врати на јавните должности колку што е можно поскоро“ – се вели во соопштението.

Кралот Чарлс

75-годишниот крал вчера беше фотографиран додека со сопругата Камила се упатуваше во црква во Сандригем.

Кралот Чарлс Кралот Чарлс Кралот Чарлс

Пред една недела, тој имаше операција на простатата во приватна болница во Лондон и ја сподели таа информација со јавноста за да ги охрабри мажите да си прават редовни прегледи.

Здравствениот проблем на Чарлс е во време кога и принцезата Кетрин е на боледување по операција на стомакот. Сопругата на принцот Вилијам одлучи да не споделува детали за здравствената состојба, но најави дека нема да се појавува во јавност во наредните неколку месеци.

Кралот Чарлс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.