Почетна » Новости » Актуелно » Кога се користи ултразвучен преглед на мускулоскелетен систем?

Кога се користи ултразвучен преглед на мускулоскелетен систем?

Ултразвучниот преглед на мускулите и тетивите е неинвазивна, безболна, брза и прецизна дијагностичка процедура базирана на употреба на високофреквентни ултразвучни бранови.

ултразвучен преглед

Со ултразвучен преглед на мускулоскелетниот систем јасно можеме да видиме: зглобен простор, тетиви, лигаменти, мускули, мускулна фасција и индивидуални нерви. Во Клиника Жан Митрев ултразвук се користи за:

  • Повреди и воспалителни процеси на тетивите и лигаментите
  • Мускулна повреда со мерење на евентуалните димензии на хематом и проценка на времето на опоравување
  • Исклучување или потврдување на сомневање за евентуален експанзивен туморски процес на поткожното масно ткиво и мускулните структури
  • Воспалителен процес во зглобот и присуство на течност во зглобот
  • Дегенеративни промени во зглобовите
  • Воспалителни процеси на бурзите
  • Испитување на поединечни нерви

Прегледот е многу краток, трае само 15-20 минути и не е потребна посебна подготовка за истиот.

Во Клиника Жан Митрев работат радиолози и ортопеди со долгогодишно искуство. Закажете го Вашиот термин на 02 3091 484

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.