Почетна » Новости » Актуелно » Девојче кое се избори со ракот со порака за принцезата Кетрин: „Таа ќе го победи како што го победив јас“

Девојче кое се избори со ракот со порака за принцезата Кетрин: „Таа ќе го победи како што го победив јас“

Емотивната средба на принцезата Кетрин и Мила Шнедон во 2021 година привлече големо внимение. Девојчето, кое тогаш се бореше со рак и успеа да ја победи страшната болест, сега испрати порака за Кетрин.

„Таа ќе биде храбра затоа што јас бев и ќе го победи ракот како што го победив јас“ – рекло 8-годишното девојче.

Британската принцеза пред неколку дена сподели дека ѝ беше дијагностициран рак и дека прима хемотерапија.

 Принцезата Кетрин и Мила

„Кетрин е мајка и сопруга, таа е млада, убава, физички активна и се соочува со ова. Тоа покажува дека ракот не дискриминира, може да се појави кај секого во кое било време. Ѝ посакуваме мирно и брзо оздравување“ – изјавила мајката на Мила, Линда Шнедон.

 Принцезата Кетрин и Мила  Принцезата Кетрин и Мила

На Мила ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија на 4-годишна возраст. Пред две години, таа ја доби убавата вест дека го победи ракот.

На средбата, Кетрин носеше фустан во омилената боја на Мила.

 Принцезата Кетрин и Мила  Принцезата Кетрин и Мила

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11176 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.