Почетна » Новости » Актуелно » Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги од претседателот Пендаровски

На свечена церемонија, претседателот Стево Пендаровски ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.

Актерите Гоце Тодоровски и Бајруш Мјаку, како и режисерот Коле Ангеловски, беа одликувани со Орден за заслуги.

„Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција“ – стои на сајтот на Пендаровски за актерот кој со години нè смееше, учеше и држеше пред екраните преку „Македонските народни приказни“.

Пендаровски

„Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата“ – пишува во описот на видео објавено од претседателот за Гоце.

„Бајруш Мјаку се одликува за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар. Toj се втемели како една од централните театарски фигури во Република Северна Македонија“ – пишува за него.

Пендаровски

„Коле Ангеловски се одликува за 60-годишната богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм. Неговиот актерски, а пред сè режисерски опус остава длабока трага во меморијата на широката публика, неговото творештво е широко вреднувано и со непроценливо значење за целокупниот развој и популаризација на театарската и филмската уметност“ – пишува за режисерот кој стои зад бројни наши филмови, серии и претстави.

Пендаровски Пендаровски

Медал за заслуги за Република Северна Македонија им беше врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров. Признанието Повелба на Република Северна Македонија беше доделено на Албанскиот театар.

Пендаровски Пендаровски Пендаровски Пендаровски
Пендаровски Пендаровски Пендаровски Пендаровски Пендаровски Пендаровски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.