Почетна » Новости » Актуелно » Време е за промени: 7 цели кои можете да си ги поставите за блескава 2024 година

Време е за промени: 7 цели кои можете да си ги поставите за блескава 2024 година

Никогаш не е прерано или предоцна да свртите нов лист, но стартот на календарската година е идеално време за да си ги ревидирате навиките и да заитате кон нови цели, а со тоа и да си го промените животот во позитивна насока.

Кажете им ДА на новитетите! Независно дали сакате во 2024 година да воспоставите ментална хигиена, да поработите на грижата и љубовта која си ја пружите себеси, да си ја подобрите финансиската благосостојба, да си го разубавите и поедноставите секојдневието, да нанижите повеќе возбудливи моменти или да креирате поблиски и поспецијални пријателски/љубовни/роднински/деловни врски, следат идеи кои вреди да ги присвоите. Не само што се достижни и практични, туку тие и ќе ве охрабрат бавно да си го трансформирате животот.

Цели за 2024
1

Закажете си редовни „паузи“ од социјалните мрежи.

Сè побројни се доказите дека прекумерното користење на социјалните мрежи има негативно влијание на менталното здравје. Ограничете си го времето кое секој ден го поминувате пред екранот на мобилниот телефон, а одвреме-навреме целосно исклучувајте се по два-три дена од социјалните мрежи.

2

Визуелно претставете си ги замислите за иднината.

На едно место соберете фотографии од патувања кои сакате да ги остварите, цели кои сакате да ги достигнете во кариерата, инспиративни мисли и идеи, стајлинзи кои ве привлекуваат и сл. Тој „колаж“ нека ви послужи како опиплив потсетник за да си ја одржите мотивацијата за подобро утре.

3

Испланирајте одмор на место кое го немате посетено.

Да, поедноставно е да одите на одмор на место кое веќе ви се истражено и за кое не ви се потребни предвремени подготовки, но адреналинот и возбудата кои ги носи патувањето на нови дестинации се незаменливи. Изберете место кое отсекогаш сте посакувале да го посетите и направете сè што е во ваша моќ за да го искусите максимално.

Цели за 2024
4

Закажувајте си љубовен состанок секоја недела.

Негувајте ја љубовта со саканиот со приватни моменти само за вас двајцата. Тоа не мора да биде секогаш излегување во ресторан или кафуле. Доволно е да си закажете филмски маратон или заедно да зготвите оброк. Важно е вашите „состаноци“ да се редовни.

5

Слушајте повеќе, зборувајте помалку.

Бидете активен слушател. Соговорниците ќе ве ценат повеќе доколку знаете да ги ислушате отколку ако ги надзборувате. Така ќе покажете дека ги почитувате и дека сте навистина заинтересирани за нив и за нивниот живот.

6

Препознајте што можете, а што не можете да контролирате.

Навистина е тешко да кренете раце од работите кои не можете да ги контролирате и да се фокусирате на она што можете да го промените. Но, тоа е рецептот за среќен живот.

7

Истражете нови алтернативи.

Изберете сфера во која сакате да си го промените животот и посветете се на истражување на алтернативи кои ќе ви помогнат да отворите ново поглавје. Оставете ги лошите навики зад себе, информирајте се за новата генерација IQOS уреди кои го загреваат тутунот наместо да го согоруваат, со што овозможуваат вкус на вистински тутун, со 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите.*

IQOS

*„95% помалку” се однесува на просечните намалувања на нивоата на широкиот спектар од штетни состојки (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот на референтната цигара.

Промо. Извор: mk.iqos.com

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.