Почетна » Новости » Актуелно » Вкусно, слатко, а здраво: Еве како да се почестите со хранлив оброк или десерт БЕЗ додаден шеќер

Вкусно, слатко, а здраво: Еве како да се почестите со хранлив оброк или десерт БЕЗ додаден шеќер

Сè поголема е свеста дека здравјето и убавината доаѓаат однатре и веројатно ќе признаете дека и вие во изминатите години станавте попребирливи кога е во прашање храната, бидејќи логично, го сакате само најдоброто за сопственото тело.

Бомбардирани сме со милиони информации кои треба да ни помогнат да го направиме вистинскиот нутритивен избор, а во целата таа бука, една од препораките кои одекнуваат најгласно е: „Избегнувајте шеќер“.

Причината за тоа е едноставна – шеќерот не само што е непријател на фигурата, туку е и сериозна закана по здравјето.

Шеќер

Зошто е важно да го избегнувате додадениот шеќер?

Ретко кој од нас има добра претстава колку шеќер консумира во денот, затоа што голем дел од шеќерот кој го внесуваме е лукаво „скриен“. Малку од утринското капучино, малку од кечапот и сосовите во сендвичот на работа, малку повеќе од чашата сок за ручек, малку од конзервираниот зеленчук за вечера... грам по грам дневниот внес на шеќер се зголемува, а со тоа се засилува штетата врз телото.

Релевантни истражувања ни разјаснуваат на што сè влијае негативно консумацијата на додадениот шеќер. Редовното консумирање на храна и пијалаци со додаден шеќер најмногу создава услови за појава на следните здравствени проблеми:

  • Дебелеење. Многу е лесно да внесете екстра калории преку засладена храна и без да почувствувате, килограмите да започнат да се трупаат.
  • Зголемување на нивото на триглицериди што води до покачен ризик од кардиоваскуларни заболувања.
  • Влошено дентално здравје. Шеќерот им помага на бактериите да се размножуваат и да го нагризат заштитниот слој на забите.
  • Дијабетес тип 2. Шеќерот директно не е предизвикувач на дијабетес, но зголемената телесна тежина предизвикана од шеќерот води до зголемен ризик од појава на дијабетес тип 2.

Како да препознавате добри природни шеќери и засладувачи и што да барате на етикетите?

Препораката да избегнувате шеќер не значи целосно да се лишите од слаткото, туку значи да се насочите кон храна која е БЕЗ додаден шеќер и слаткоста ја добива од природни шеќери.

Boom Box производите не содржат додаден шеќер, вештачки засладувачи, ниту лоши замени за шеќер

Одличен пример за тоа се Boom Box производите, кои не содржат додаден шеќер, вештачки засладувачи, ниту лоши замени за шеќер: глукозен сируп, високо фруктозен пченкарен сируп, декстроза и инвертен шеќер. Наместо споменатите лоши засладувачи, Boom Box производите вклучуваат само шеќери кои се присутни во природата и тоа во најголема мера шеќерни алкохоли (малтитол, изомалт) од овошје и стевиол гликозиди од стевија кои не влијаат значајно на нивото на глукоза во крвта, а во мала мера содржат: урми (овошје) во прав, овошна каша (рогач, јаболка) и пребиотици инулин и олигофруктоза кои ги хранат нашите добри бактерии во цревата.

Boom Box

Шеќерните алкохоли денес се популарен засладувач, затоа што имаат ист вкус како шеќерот, а значително пониска калориска вредност во споредба со обичниот шеќер. Тие припаѓаат на групата на јаглехидрати кои се природно присутни во овошјето и зеленчукот. Без оглед на името, шеќерните алкохоли не содржат молекули етанол, што значи дека се безбедни за децата и трудниците, но препорачливо е да ги избегнуваат лицата кои имаат нервозни црева. За разлика од обичниот шеќер, шеќерните алкохоли го штитат забниот емајл.

Покрај шеќерните алкохоли, во Boom Box производите од засладувачи најзастапени се стевиол гликозидите кои се особено соодветни за лицата со дијабетес.

Boom Box – идеални и за оброк и за десерт без додаден шеќер

Boom Box производите, кои од рафтовите мамат со модернистички пакувања во пастелни нијанси, се прв избор на сè повеќе лица кои внимаваат на храната. Од една страна ни ги даваат сите бенефиции на моќниот овес, а од друга ни дозволуваат да се засладиме без да стравуваме за додаден шеќер или вештачки засладувачи.

Независно дали барате брз оброк на работа, хранлива попладневна закуска или лесна вечера, можете да се насочите кон Boom Box овесна гранола или Boom Box овесна каша и да ги подготвите со 100% растителен овесен пијалак или овесен пијалак со бадеми, лешници или кокос.

Boom Box Boom Box

А кога енергија ќе ви опадне попладне или ви се грицка нешто благо за време на филмски маратон, тука се овесните колачи со какао, кокос или брусница.

Boom Box

Житариците и правилото „5 и 5“

При изборот на производи од житарици, посветете внимание на правилото „5 и 5“. Тоа подразбира производот да содржи помалку од 5 грама шеќер и повеќе од 5 грама влакна на 100 грама. Сите Boom Box производи го исполнуваат тој услов.

Високото ниво на диететски влакна во овие производи позитивно влијае на здравјето на цревната флора, односно на варењето и апсорпцијата на нутриентите, го снижува холестеролот, го намалува кардиоваскуларниот ризик, го скротува гладот, бидејќи придонесува за стабилни вредности на глукозата во крвта.

Boom Box

Boom Box производите се развиени во соработка со нутриционисти и се креирани така што да бидат важно и атрактивно делче од мозаикот наречен здрава и балансирана исхрана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.