Почетна » Новости » Актуелно » Го пронајдов идеалниот одговор на вечното прашање „Што да се јаде на работа, а да е здраво, брзо и вкусно?“

Го пронајдов идеалниот одговор на вечното прашање „Што да се јаде на работа, а да е здраво, брзо и вкусно?“

Кога станува збор за исхраната во текот на работното време, воопшто не сум дисциплинирана – започнувам да размислувам што ќе јадам во моментот кога ќе ми закркори стомакот. Многу мои пријатели и колеги посветено си подготвуваат оброци од дома и на пауза не се измачуваат со прашањето „Што ли да јадам денес?“, но мене едноставно тоа не ми е влезено во утринската рутина.

Вообичаено тркнував до најблиската пекара или се залажував со чоколатца, кафе и солени грицки до крајот на работниот ден. Но, изминатиов период сè почесто размислував за воведување на промени на тоа поле, со цел да останам фокусирана, продуктивна и полна со енергија до крајот на работното време.

Започнав со овошни плодови со идеја да го скротам гладот, а истовремено да го зголемам внесот на витамини и минерали. Сепак, тоа не ми беше доволно и додека на пауза грицкав јаболко и истражував на интернет на тема здрава храна соодветна за консумирање во канцеларија, по кој знае кој пат се потсетив дека овесот е најдобрата опција.

Многу лесно се убедив дека токму оваа житарка навистина заслужува да ѝ дадам шанса. Остана отворено уште прашањето како е најлесно да ја консумирам. Да, овесот има импресивен нутритивен профил, може да се „пофали“ со неутрален вкус кој многу лесно се прилагодува на моменталните желби. Всушност, може да се консумира во бескраен број на варијанти со помош на овошје, најразлични млека или растителни пијалаци, јаткасти плодови, семиња и зачини. Но, на работа, честопати обврските и околностите не ми дозволуваат да си готвам обичен овес и со додатоци да експериментирам со вкусови, па ми требаше друго решение.

Така стигнав до Boom Box, нов бренд за здрави производи кој ни ги „става на тацна“ сите бенефиции од консумирањето на овес. Првично овесните каши и гранолата ми влегоа во секојдневието, бидејќи се супер брзи за подготовка и доаѓаат со различни вкусови. Каша со чоколадо и лешници, каша со банана, чоколадо и лешници, каша со шумско овошје и бадеми, гранола со чоколадо и бадеми... Boom Box не остава простор за монотонија.

Boom Box

Секој кој се грижи со што го храни своето тело ќе го привлечат и фактите дека Boom Box производите се 100% од растително потекло, без вештачки ароми и бои, а се богати со растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Особено важна карактеристика е тоа што не содржат додаден шеќер. А модернистичките пакувања го прават целото Boom Box искуство уште позабавно.

Boom Box

Не помина долго време пред да ми станат секојдневни дружбите и со Boom Box пијалаците. Кафето ми придоби нов и би рекла поегзотичен вкус откако обичното млеко го заменив со Boom Box овесен пијалак со бадеми. И покрај тоа што не сум имала проблеми со лактоза, по оваа промена забележав дека стомакот подобро ми го прифаќа кафето и во ниту еден момент не чувствувам подуеност.

Boom Box

Заедно со колегите ги откривме Boom Box колачињата кои станаа константа во мојата фиока и кои ни станаа омилена ужинка за време на кафе-паузите на работа. Кој би рекол дека грицките може да бидат ем здрави ем толку вкусни?

Boom Box Boom Box

Boom Box се оцрта како суштински важен мост во мојот премин од нутритивно сиромашни и калорични кон здрави и хранливи оброци и ужинки на работа.

Повеќе информации за Boom Box можете да пронајдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11230 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.