Почетна » Новости » Актуелно » Една навика која за 2 недели ми ги промени односот кон храната, енергијата и изгледот на стомакот

Една навика која за 2 недели ми ги промени односот кон храната, енергијата и изгледот на стомакот

Звучи како клише, но малите промени можат да направат голема разлика и тоа го почувствував и увидов на своја кожа.

По природа сум „ноќна птица“ и наутро ми е потребно малку подолго време додека да го расонам умот и да си ја вратам позитивноста на лицето. Иако многу добро ги знам правилата за здрав почеток на денот, кога со полуотворени очи се спремам за на работа, храната е последна на списокот што ми се мота низ мислите. Во подобрите денови, само грабнувам банана за по пат и си се убедувам: „Подобро нешто – отколку ништо“.

Поттик за промена

Утринското кафе со колегите ми е незаменлив „pick-me-up“ момент и еден тропски ден се случи така сите да споделуваат планови за одмор и што промениле за да изгледаат позгодно на плажа. Дури внимателно слушав дека сите годинава планираат патувања зад граница и со какви сè тренинзи и здрави јадења експериментираат, сфатив дека имам план каде ќе одмарам, но немам план како да го подобрам телото дотогаш.

Работните обврски ме понесоа, дојде време за ручек и се прејадов со пресочен (читај: супер калоричен) тост и не се замислив многу за промени во исхраната додека попладнето не отидов на пазарување. Желна да испробам барем нешто ново, шарав со поглед низ рафтовите и како расипана лента си го враќав утринскиот разговор. Најубедливо ми звучеше колешката Диди која упорно тврдеше дека овесот е магична храна и дека само со редовни овесни оброци си го смалила струкот. Само неколку секунди подоцна, погледот ми „заглави“ на неколку пастелни амбалажи со пораки „без додаден шеќер“, „најдоброто од овесот“ и „100% растително“.

„Вреди да се проба“ – си реков безгласно и ја дополнив корпата со колоритна селекција од Boom Box производи.

Boom Box

Прв впечаток

Кога пазаруваш без список, како што вообичаено ми се случува, купуваш намирници за кои често се каеш. Но, овој пат, некако си се гордеев и бев возбудена за направениот избор, бидејќи си повторував дека грижата за себе треба да е на прво место и дека конечно преземам конкретен чекор за промена во исхраната.

Се чувствував како мало дете додека ги разгледував слатките опаковки на Boom Box и во устата можев да ги почувствувам различните вкусови – овесна каша со лешник и чоколадо, гранола со чоколадо и бадеми, овесни кекси со кокос итн.

Ми се допадна целиот Boom Box концепт – растително, здраво, вкусно, a без рафинирани шеќери, вештачки ароми и бои. Истовремено ме освои и практичноста на малите пакувања и брзината со која се подготвуваат оброците.

Уште додека ги редев испазарените намирници, не им одолеав на кексите со кокос и мојата Boom Box авантура започна со нив.

Boom Box

Бебешки чекор за големи промени

Познавајќи се себеси, јасно ми беше дека ако се форсирам со премногу промени одеднаш, нема да се придржувам до планираното ниту една седмица. Така решив да одам чекор по чекор и си дадов само една задача – секој ден да појадувам овесна каша.

Заедно со утринското кафе, кое веќе редовно го пијам со овесен пијалак Boom Box наместо со обично млеко, започнав да си подготвувам каша со јатки или овошје. Бидејќи се прави за само 2 минути, не ми се појави некој внатрешен отпор да се саботирам себеси и да го прескокнувам појадокот.

Boom Box Boom Box

Неколку дена беа потребни за да увидам разлика – не полудував од глад додека да дојде ручек време, имав забележително повеќе енергија во споредба со времето во кое функционирав само на кафе и генерално се чувствував многу поисполнето. Особено ме усреќи подобрената дигестијата и поредовното празнење на цревата што резултираше со порамен стомак, токму пред долгоочекуваниот одмор. Најпосле, од прва рака се уверив во важноста на храната богата со влакна како што се Boom Box производите.

Фиоката на работа во која обично чував мало пакетче чипс или протеински бар, сега добро ја опремив со овесни кекси за секогаш кога автоматски ќе посегнам во неа да наидам на здрава алтернатива.

Толку многу се „заразив“ со овесната храна што спакував мала залиха и за во чантата за на плажа, за грицкање со поглед на море.

Boom Box

А најдобро од сè е што таа моја нова навика за појадување овес ми го промени односот кон храната воопшто, па сега гледам секое јадење или ужинка да ги направам барем малку поздрави. На пример, пред три дена ми дојдоа на гости двете внучиња. Претходно посегнував веднаш по флипси и/или чоколадни кекси за да ги почестам, но сега решив да одам со нешто ново и здраво. Овесните кекси ги премачкав со малку путер од кикирики и врз нив ставив парчиња овошје и јаткасти плодови. Тие беа изненадени што тета послужила нешто ново, а јас бев изненадена што набрзина ги излапаа. Сите среќни.

Boom Box

Не можам да негирам дека рамниот стомак ми е најголема мотивација да продолжам со новата навика за појадување. Но и самото тоа што знам дека му давам на телото добар старт во денот ми носи огромна сатисфакција и поттик да продолжам.

Апсолутно сум презадоволна што мисијата поздрав живот ја започнав со овесните производи Boom Box. Повеќе информации за нивните бенефиции, можете да пронајдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11247 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.