Почетна » Новости » Промо » Како до супер лесен и здрав оброк без да „заглавите“ во кујната?

Како до супер лесен и здрав оброк без да „заглавите“ во кујната?

„Немам време“, „Ќе направам голем хаос за чистење во кујната“, „Готвењето не ми е силна страна“... Кога станува збор за здрава исхрана, инспирацијата за изговори ни е неисцрпна и покрај стремежот да се подобриме.

Веројатно ви се случило со најдобри намери и мотивирано да започнете да кроите планови за промени во исхраната, да купите здрави намирници и да зачувате десетици рецепти за здрави јадења, а потоа да ви се нарушат плановите. Животот честопати знае да нè остави без време или енергија за готвење, па завршуваме со парче пица или сендвич во рацете.

Добрата вест е што има начини како да го прекинете циклусот на нездраво хранење и да си подарите квалитетни и нутритивно богати оброци без да инвестирате многу време во готвење.

Boom Box

Промената започнува во супермаркетот

Колку и да ви е голема желбата да ги подобрите прехранбените навики, ако кошничката во супермаркет ви е полна со чипс, флипс и слатки барови и тие ве искушуваат кога ќе се вратите дома, мисијата ќе ви биде неуспешна.

Доколку сакате промена, иницирајте ја уште во супермаркетот. Снабдете се со свежо овошје и многу зеленчук за деновите кога имате можност да експериментирате во кујната, но задолжително купете и здрави производи кои набрзина ќе ви го стишат гладот и ќе му ги дадат на телото неопходните хранливи материи.

Boom Box

Пример: Овесните каши и гранолата од брендот Boom Box супер брзо се претвораат во комплетен оброк полн со растителни влакна, минерали и бета глукан. Исто така, калоричните грицки заменете ги со Boom Box овесни кекси и ќе имате совршена ужинка за оние периоди од денот кога меѓу оброците ќе ве „нападне“ глад или ви недостига енергија.

Клучот е во едноставноста

Многу лесно ќе се откажете од здравата исхрана ако пред вас стојат десетина намирници и комплициран рецепт кој ќе ве зароби до рерната со часови. Но, ако знаете дека за неколку минути можете да си приготвите вкусен оброк кој ќе ве засити, а со кој нема да правите компромиси во однос на здравјето, тогаш најверојатно ќе останете на правилниот пат кон подобар живот.

Тука на сцената настапува Boom Box. Овесните каши ги преливате само со вода, или уште подобро со овесен пијалак Boom Box и само со неколку мешања добивате кремасто јадење со различни вкусови – чоколадо и лешници, шумско овошје и бадеми, чиа и јагода или банана, чоколадо и лешници.

Boom Box

Лесно, брзо, практично, хранливо!

Зошто токму Boom Box?

Производите Boom Box се развиени со нутриционисти и се базираат на овес, кој се нарекува крал меѓу житарките, бидејќи носи многу бенефиции како намалување на холестеролот, подобрување на дигестијата, регулирање на шеќерот и крвниот притисок и асистирање при слабеење.

И тука не завршуваат позитивните моменти поврзани со новата приказна Boom Box. Најубавото од сè е што сите производи се 100% природни и без додаден шеќер.

Дајте му шанса и Boom Box ќе ве прати насекаде – наутро уживајте во овесна каша додека ги правите последните подготовки пред да летнете на работа; на паузата каснете слатка гранола; во попладневните часови грицнете ароматни кекси, а вечерта релаксирајте се со чаша овесен пијалак. Овие нови производи освојуваат со нутритивниот профил, но и со практичноста.

Boom Box

Надградете го вашето секојдневно мени со Boom Box и воопшто нема да се двоумите што да јадете кога ви е потребен брз, вкусен и здрав оброк.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11178 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.