Почетна » Новости » Актуелно » ВИДЕО: Победничкиот настап на мразот на Русинката Ана Шчербакова, Валиева падна и остана на 4. место

ВИДЕО: Победничкиот настап на мразот на Русинката Ана Шчербакова, Валиева падна и остана на 4. место

Ана Шчербакова е олимписка шампионка во уметничко лизгање.

17-годишната Русинка го освои златото во Пекинг со вкупна оценка 255,95 (80,20 од кратката програма и 175,75 од слободната програма).

Победничкиот настап на Шчербакова

ЗОИ ЗОИ ЗОИ

Нејзината сонародничка Александра Трусова со голема лутина се помири со сребрен медал откако одушеви со динамична изведба која вклучуваше дури пет четирискока. Младата спортистка очигледно лута од добиените оценки изјави: „Ги мразам сите. Го мразам овој спорт.“

Настапот на Трусова

ЗОИ

Во рускиот тим солзи пролеа и Камила Валиева, која беше фаворитка за освојување на златото, но поради грешки и падови остана на четвртото место.

15-годишната лизгачка му помогна на својот тим да дојде до злато во групното натпреварување и беше на првото место по кратката програма, но во завршниот дел, не успеа да се покаже во најдобро светло.

Настапот на Валиева

ЗОИ ЗОИ ЗОИ ЗОИ

Бронзата ја освои Јапонката Каори Сакамото (233,13). „Пред да излезе резултатот на Камила Валиева, не бев сигурна дали ќе освојам медал. Потоа го видов моето име на трето место и си реков: Wow. Неверојатно е. За малку ќе се расплачев. Оваа бронза по малку е изненадување за мене. Среќна сум и благодарна“ – изјави таа.

ЗОИ ЗОИ ЗОИ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11205 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.