Почетна » Новости » Актуелно » ВИДЕО: Драматичниот момент кога пожарникарите спасија двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

ВИДЕО: Драматичниот момент кога пожарникарите спасија двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Вчера, избувна голем пожар во две станбени згради во Валенсија, одземајќи најмалку четири животи. Деветнаесет лица се водат за исчезнати.

Шпанските пожарникари вложија натчовечки напори за да ги извлечат станарите заглавени на балконите од зградите. Видео од моментот кога тие спасија двајца луѓе стана вирално на интернет.

Во него се гледа како пожарникар со кран се доближува до балконот каде стојат преживеаните и чекаат спасување. Потоа, внимателно ги качува во кранот и се спушта заедно со нив. Од толпата насобрана пред зградата се слуша силен аплауз.

@dailymail Locals applaud heroic firefighters as they rescue residents from their balconies in Valencia tower block fire. #fire #valencia #spain #firefighter #rescue #hero #fyp ♬ original sound - Daily Mail
Валенсија Валенсија Валенсија

Претходно, маж бил принуден да скокне од голема височина на надуена мека подлога за да преживее.

Валенсија

Пожарот избувнал пред 17:30 часот, на четвртиот кат од 14-катница и многу брзо се проширил низ таа зграда, а се префрлил и на соседната. Силниот ветер бил причината за брзото ширење на пламените јазици низ 138-те станови во кои живеат над 400 лица.

Пожарникарите не очекуваат да најдат преживеани внатре во зградата.

Валенсија Валенсија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.