Почетна » Новости » Актуелно » Весна Петрушевска: „Сестричката на Вања имаше операција на срце, нејзината мајка е во тешка состојба. Да не ги заборавиме“

Весна Петрушевска: „Сестричката на Вања имаше операција на срце, нејзината мајка е во тешка состојба. Да не ги заборавиме“

Весна Петрушевска со искрена изјава за убиството на Вања Ѓорчевска апелира секој од нас да размислува пред да даде каков било коментар за трагичната ситуација.

Таа потенцира дека потрагата и казните за злосторниците треба да се остават во рацете на полицијата, а да не се заборават мајката и сестричката на настраданото невино девојче.

Весна Петрушевска

Во целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на Вања и на нејзината сестричка.

Од проверени извори, од прва рака знам дека нејзината сестричка имала операција на срце, а мајката исто така е во тешка состојба со проблеми со дишењето.

Многу зборуваме за злосторниците, да така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство. Во овој случај, нејзината мајка и сестричка се директни жртви на насилство.

Сакам да ви укажам дека треба да размислите пред било што да објавите, или да коментирате, да размислите на овие две невини суштества коишто во овој момент нивната тага е немерлива. Нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна. Нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво.

Ние како општество, ние како луѓе што ќе направиме за да помогнеме на ова семејство. Затоа што не се виновни. Жртвата никогаш не е виновна. Не се виновни, не треба да ги заборавиме.

Сите зборуваме за камерите, сите зборуваме за цитроенот, никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Тоа е поразот наш. Тоа е она коешто нас ќе нè зафркава веројатно во овој животен век. За нашите нови генерации кои доаѓаат не сум сигурна дали оставаме добар свет. Искрено.

„Јас лично од петни жили се трудам да оставам наследство преку децата коишто ги учам, преку мојата работа. Покрај сè што доживеав и преживеав во мојот живот, ова го доживеав многу страшно, многу трауматично, многу грдо. Јас и онака не спијам, имам проблеми како посттрауматски синдром. 13-14 години не спијам. Читам, но се обидувам деновиве да ги селектирам сите работи кои ми ги сервираат како информација“ – вели Весна, алудирајќи на траумите кои ги доживеала кога нејзината ќерка стана жртва на сексуално злоставување.

Осомничениот за убиство имал неколку кривични пријави, но секогаш завршувал со условна казна. Принајдени се два пиштоли. Замислете ја таа драмска ситуација, просто кога вие вперувате пиштол во 14-годишно дете.

И сега пак ве враќам на моментот колку не мислиме на мајката на тоа девојче. Знаете, кога мене ми се случи тоа со Мина, јас ден-денес ја имам траумата од гаражата. На Мина веројатно ќе ѝ остане таа гаража цел живот, а камоли ова. Ние немаме развиено систем како да помогнеме на жртвите на насилство, немаме како да помогнеме на овие луѓе. Сепак се работи за помало девојче коешто имало операција, се работи за мајка којашто го изгубила своето чедо на најгрозоморен начин и ние не разговараме на таа тема. Ние се бавиме дали овој пешки го фатиле во Турска или не.

Кога штетата е веќе направена и кога немате повеќе никаква, ама баш никаква шанса да се оправите. Не вака.

Се зборува за тоа како сред центар, сред конференција на ОБСЕ да ја врзат да ја... тоа повторување е траорно за семејството. И никој не помислува на нив. Можете ли да замислите нив како им е. Јас не можам. Можам само да претпоставам.

Полека, но сигурно ги губиме децата. Ги губиме децата затоа што сме општествено неодговорни, сме дехуманизирано општество. Имаме лош образовен систем, децата гледаат лоши примери, без никакви вредности. И она што навистина ми пречеше се сите оние лоши коментари коишто јас ги третирам како сајбер насилство.

Вања знаете како... ние не можеме да ги избираме родителите. Можеме да избираме пријатели, можеме да избираме со кого ќе се дружиме, но родителите ни се тие. Не можеме да избираме.

Прилично е тажна приказната за Вања за писмената работа по македонски, дека му била многу благодарна на својот татко. И мислам дека после ова веројатно барем малку ќе имаме достоинство, чест, доблест и храброст за тоа како ние ќе помогнеме на мајката и на девојчето.

Се надевам дека сестричката ќе биде добро.

Вања исчезна на 27 ноември, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено на 3 декември.

Весна Петрушевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.