Почетна » Новости » Актуелно » Болница Плодност испишува историја: Ендоскопска револуција во македонската медицина

Болница Плодност испишува историја: Ендоскопска револуција во македонската медицина

Најсовремените медицински методи ни стануваат достапни и нам благодарение на професионалниот тим на Болница Плодност. Експертите од битолската болница испишаа ново поглавје во македонската медицина со ендоскопска револуција.

Имено, во „Плодност“ за првпат во Македонија беше направено ендоскопско отстранување на матка и јајници по вагинален пат или vNOTES. Станува збор за нова метода за изведување на минимално инвазивни гинеколошки операции која им нуди редица бенефити на жените и им овозможува многу брзо да им се вратат на регуларните активности.

Болница Плодност

Големиот успех го сподели д-р Христијан Трпчевски, кој го предводеше тимот:

„Со лапароскопски инструменти извадовме по вагинален пат матка и јајчници кај 65-годишна жена. Пациентката истиот ден се мобилизира од кревет и за 24 часа ја напушти болницата. Немаше никакви болки, немаше посекотини на кожата и брзо ќе се врати на своите нормални работни обврски. Бидејќи лапароскопската хирургија постепено ја замени класичната хирургија, оваа нова техника VNOTES ќе стане хирургија на иднината и сè повеќе пациентите ќе ја бараат, бидејќи ќе го почувствуваат бенефитот од истата.“

Заедно со д-р Христијан Трпчевски, во операцијата беа вклучени и д-р Сотир Ропи, анестезиологот д-р Филип Трајковски и медицинска сестра – инструментарка Николина Ристевска.

Болница Плодност

Со vNOTES (Vaginal Natural Orifice Transluminal Endoscopic Surgery), специјални инструменти се инсертираат низ вагината во пелвичната шуплина при што се добива пристап до матката, јајцеводите и јајниците без засекување на стомакот. Со тоа се овозможува комплексни операции да се изведуваат без видлив засек и со брзо опоравување.

Во споредба со други хируршки техники, има повеќе причини зошто vNOTES е за претпочитање. Најзначајни бенефити се:

  • Нема видливи лузни. За разлика од другите операции, независно дали се лапароскопски или не, со vNOTES не остануваат лузни кои се видливи на кожата.
  • Пократок престој во болница. Пациентите за кратко време можат да си заминат дома. Во повеќето случаи за околу 24 часа.
  • Помала постоперативна болка. Искуствата на пациентите говорат дека болката по операцијата е значително помала и генерално се примаат помалку лекови за менаџирање на болка.
  • Побрзо закрепнување. Пациентите веднаш можат да им се вратат на нормалните, секојдневни обврски.
Болница Плодност

vNOTES е само еден од многуте иновации кои „Плодност“ ги има имплементирано во изминатиот период за унапредување на грижата за пациентите.

Специјалната болница по гинекологија и акушерство, која зад себе има небројни задоволни пациенти и во која се имаат родено илјадници нови животи, повеќе од една деценија е симбол за успех, прецизност, иновација и професионализам.

Болница Плодност

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11223 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.