Почетна » Новости » Актуелно » Ангио тимот од Клиника Жан Митрев повторно во акција

Ангио тимот од Клиника Жан Митрев повторно во акција

Во Клиника Жан Митрев беше направена серија затворања на вродени срцеви маани од типот ПФО (перзитент форамен овале).

Клиника Жан Митрев

Тимот во состав д-р Вилма Ампова-Соколов, д-р Илија Нешковски, д-р Петар Угуров и сестрите Сузана Костовска, Соња Русевска, Стефан Јанески и Бети Игнатова успешно извршија поставување на оклудер со цел решавање на оваа состојба. ПФО е, народски кажано, отвор во срцето кој кај 80% од популацијата се затвора неколку недели по раѓањето, но кај 20% од луѓето продолжува да постои. Иако се смета за вроден дефект, сепак тој не е дефект во вистинска смисла на зборот, бидејќи преградата помеѓу двете преткомори постои, но е нецелосна.

Вообичаено форамен овале може да даде клинички симпоми, како што се:

  • Мигрена (главоболка)
  • Транзиторна исхемична атака (ТИА) или
  • Мозочен удар.

Доколку отворот е поголем од 4mm тогаш препорачливо е да се направи негово затворање со цел да се спречат компликации.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11348 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.