Почетна » Новости » Актуелно » „Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за КОВИД-19

„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за КОВИД-19

Авицена лабораторија уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со цел на своите пациенти да им овозможи максимална безбедност и најквалитетна услуга по светски стандарди.

Лабораторијата во изминатите неколку месеци обезбеди нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за КОВИД-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а оствари и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали.

Авицена лабораторија

Најново во „Авицена лабораторија“ е високософистициран робот за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во државата. Овој новитет ѝ овозможува на лабораторијата зголемен капацитет на обработка на материјали за КОВИД-19, со целосно автоматизирана и брза постапка за обработка на резултати, за прецизни и објективни резултати, во кои е исклучена каква било можност од грешка од човечки фактор. Овој робот е единствен од ваков тип во нашата држава, но се користи во многу лаборатории низ Европа и светот.

Авицена лабораторија Авицена лабораторија

Покрај ова, лабораторијата за своите тестови за КОВИД-19 врши целосна внатрешна контрола на квалитетот, како и месечна надворешна контрола на квалитетот од реномираниот институт INSTAND Германија, што претставува гаранција за точни и прецизни резултати.

Погледнете повеќе на видеото:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.