Почетна » Новости » Актуелно » „Авицена лабораторија“ отвора нов посебен простор за тестирање за КОВИД-19

„Авицена лабораторија“ отвора нов посебен простор за тестирање за КОВИД-19

„Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за КОВИД-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.

Авицена лабораторија Авицена лабораторија

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за КОВИД-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за КОВИД-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.

Авицена лабораторија Авицена лабораторија

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за КОВИД-19.

Приемот на пациенти за тест за КОВИД-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“.

Закажувањето за тест за КОВИД-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.

Авицена лабораторија Авицена лабораторија

Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани.

Комерцијален текст

Нема слични статии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27943 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.