Почетна » Новости » Актуелно » dm drogerie markt ве води на кулинарско патување со dmBio и ви подарува книга со рецепти за сметка над 999 денари за органски производи!

dm drogerie markt ве води на кулинарско патување со dmBio и ви подарува книга со рецепти за сметка над 999 денари за органски производи!

Колку пати сте помислиле дека органските оброци се многу комплицирани да се подготват? dm ве носи на кулинарско патување кое ќе ви покаже дека со органски состојки можат да се подготват не само модерни јадења, туку и традиционалните и класични оброци кои нѐ потсетуваат на рецептите на нашите баби.

5 food блогери од 5 земји создадоа 25 рецепти за органска и освестена исхрана, напишани на 70 страници во книгата која може да ја добиете на подарок во секоја dm дрогерија.

Книгата со dmBio рецепти може да ја добиете со купување на вашите омилени органски производи во износ од 999 мкд. Понудата важи во сите dm дрогерии до 29.2.2024, односно до истек на залихите и истата не важи за бебешките органски производи.

dm bio

Страниците на оваа книга се плод на соработка со 5 food блогери од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска и нашата земја заедно со добропознатата Мартина Трајаноска - martinascooking. Волшебната книга е преполна со прекрасни вкусови од земјите од регионот и ќе ве одведе на едно прекрасно кулинарско патување. Без разлика дали сте љубители на брзи и помодерни оброци или сакате да ги истражувате традиционалните вкусови, во оваа книга ќе го пронајдете својот омилен дел.

Органската храна е основа на пристапот кон исхраната во dm дрогерие маркт. Секој заслужува пристап до висококвалитетни производи што ги хранат телото и душата и ни овозможуваат да се грижиме за себе и за своето опкружување, истовремено уживајќи во фантастичниот вкус и разновидноста! А со оваа книга, овој проект, како и асортиманот на органска исхрана dm дрогерие маркт токму тоа ни го става на дланка на сите нас.

Повеќе информации за ова можете да дознаете на веб-страницата на dm дрогерие маркт: dm.mk.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.