Почетна » Новости » Актуелно » 690 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

690 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.790 тестирања, а има 690 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 490
  • Кавадарци – 42
  • Куманово – 26
  • Струмица – 25
  • Штип – 20
  • Гостивар и Охрид – по 15
  • Велес и Неготино – по 9
  • Битола – 8
  • Тетово – 6
  • Прилеп и Гевгелија – по 4
  • Кичево, Кочани и Дебар – по 3
  • Струга – 2
  • Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1

Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.

ковид податоци

Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г, 88г и 89г), 2 од Охрид (79г и 85г), и по едно од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 - 05.02.2022г.

Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 460
  • Прилеп – 67
  • Тетово – 33
  • Струмица и Охрид – по 24
  • Гостивар – 21
  • Кочани – 14
  • Струга – 10
  • Штип – 6
  • Македонски Брод – 3
  • Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2
  • Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.