Почетна » Новости » Актуелно » 22 нови случаи на коронавирус во Македонија, нов смртен случај и први заболени во Битола и Струга

22 нови случаи на коронавирус во Македонија, нов смртен случај и први заболени во Битола и Струга

Министерот Венко Филипче само што соопшти дека во изминатите 24 часа има 22 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од нив, 9 се од Скопје, 3 од Куманово, 3 од Струга, 2 од Тетово, 2 од Дебар, 2 од Прилег и 1 од Битола. За првпат се потврдени случаи во Битола и Струга.

Со тоа вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 се искачи на 241.

За жал, има нов смртен случај во земјата. Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Заболени од КОВИД-19

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Заболени од КОВИД-19

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (143)
  • Дебар (45 од кои 2 починати)
  • Куманово (20 од кои 1 починат)
  • Штип (8)
  • Прилеп (8)
  • Тетово (4)
  • Охрид (3)
  • Велес (3)
  • Струга (3 од кои 1 починат)
  • Кавадарци (2)
  • Гостивар (1)
  • Битола (1)

Во текот на вчерашниот ден направено е тестирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.