Почетна » Новости » Актуелно » 2.019 новозаразени и 19 починати од коронавирус

2.019 новозаразени и 19 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.119 тестирања, а има 2.019 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 968
  • Битола – 150
  • Кавадарци – 104
  • Куманово – 75
  • Тетово – 71
  • Прилеп – 64
  • Велес – 62
  • Струмица – 61
  • Гевгелија – 48
  • Кочани – 45
  • Охрид – 41
  • Штип – 38
  • Гостивар и Ресен – по 33
  • Неготино – 31
  • Радовиш – 27
  • Струга – 26
  • Кичево – 24
  • Свети Николе и Делчево – по 18
  • Валандово – 13
  • Берово – 12
  • Виница и Богданци – по 10
  • Крива Паланка – 9
  • Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5
  • Кратово – 4
  • Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2
  • Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1

Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 558
  • Охрид – 87
  • Битола – 70
  • Куманово – 38
  • Струга – 29
  • Струмица – 26
  • Прилеп – 25
  • Кавадарци – 20
  • Штип – 19
  • Тетово – 15
  • Гевгелија – 11
  • Ресен – 9
  • Кичево и Крива Паланка – по 8
  • Гостивар – 7
  • Велес, Радовиш и Крушево – по 6
  • Дебар – 5
  • Свети Николе и Берово – по 4
  • Кратово – 3
  • Кочани и Валандово – по 2
  • Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.