Почетна » Новости » Актуелно » 1.861 новозаразен и 27 починати од коронавирус

1.861 новозаразен и 27 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.446 тестирања, а има 1.861 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 908
  • Битола – 115
  • Кавадарци – 100
  • Куманово – 88
  • Тетово – 75
  • Прилеп – 69
  • Велес – 54
  • Струмица – 50
  • Гостивар – 45
  • Охрид – 41
  • Штип – 37
  • Гевгелија – 34
  • Неготино – 32
  • Свети Николе – 23
  • Кичево – 22
  • Струга и Ресен – по 20
  • Радовиш – 18
  • Кочани и Крива Паланка – по 16
  • Валандово – 15
  • Делчево – 11
  • Богданци – 9
  • Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5
  • Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4
  • Пробиштип и Демир Хисар – по 3
  • Кратово и Крушево – по 2
  • Дојран – 1

Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39г до 90г. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидит.

Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 4.208
  • Битола – 582
  • Прилеп – 317
  • Охрид – 302
  • Струмица – 176
  • Куманово – 170
  • Тетово – 143
  • Кавадарци – 136
  • Струга – 107
  • Гевгелија – 105
  • Велес – 92
  • Крушево – 84
  • Гостивар – 82
  • Кичево – 72
  • Валандово – 71
  • Штип – 67
  • Ресен – 66
  • Неготино – 59
  • Делчево – 58
  • Кочани – 57
  • Радовиш – 54
  • Крива Паланка – 41
  • Берово – 34
  • Кратово – 31
  • Свети Николе – 25
  • Демир Хисар – 24
  • Богданци – 23
  • Македонски Брод – 17
  • Виница – 16
  • Македонска Каменица – 15
  • Пробиштип – 12
  • Пехчево – 9
  • Демир Капија – 8
  • Дојран – 7
  • Дебар – 3

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.