Почетна » Новости » Актуелно » 1.715 новозаразени и 24 починати од коронавирус

1.715 новозаразени и 24 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.811 тестирања, а има 1.715 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 882
  • Битола – 87
  • Куманово – 75
  • Тетово – 69
  • Кавадарци – 66
  • Велес – 63
  • Охрид – 56
  • Прилеп и Струмица – по 48
  • Гостивар – 36
  • Гевгелија – 33
  • Неготино – 29
  • Штип – 28
  • Кочани – 26
  • Кичево – 24
  • Радовиш – 20
  • Валандово – 17
  • Богданци – 16
  • Струга и Крива Паланка – по 14
  • Ресен – 12
  • Виница – 9
  • Свети Николе и Делчево – по 8
  • Демир Капија и Пехчево – по 5
  • Кратово и Македонски Брод – по 4
  • Пробиштип – 3
  • Дебар и Демир Хисар – по 2
  • Македонска Каменица и Дојран – по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 - 01.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 1.276
  • Тетово – 192
  • Гостивар – 101
  • Куманово – 88
  • Кавадарци – 84
  • Велес – 63
  • Гевгелија – 44
  • Кочани – 25
  • Штип – 24
  • Неготино – 20
  • Битола – 19
  • Радовиш – 18
  • Крива Паланка – 13
  • Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12
  • Виница и Богданци – по 6
  • Кратово – 5
  • Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4
  • Берово – 3
  • Пробиштип и Демир Хисар – по 2
  • Струга и Дојран – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11587 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.