Почетна » Забава » Хороскоп » Колку сте суеверни според хороскопот?

Колку сте суеверни според хороскопот?

Денес е петок 13, денот кој многумина го сметаат за несреќен или баксузен. Суеверните лица го дочекуваат со претпазливост и страв и го поврзуваат со морничави приказни, легенди и несреќи, а останатите гледаат на сето тоа со потсмев и го етикетираат како бесмислица.

Во која група спаѓате вие?

Суеверност

Еве што кажува хороскопскиот знак за вашата суеверност:

Овен

Суеверност

Овните ги исполнуваат критериумите за да бидат наречени суеверни. Родени како лидери во хороскопот, тие секогаш се борат да стигнат први до целта, но веруваат дека лошата среќа може да го попречи нивниот пат. Ако не успеат да исполнат одредена цел, побрзо ќе го насочат прстот кон некој или кон нешто отколку кон себе.

Огнените овни не сакаат кога црна мачка ќе го пресече нивниот пат и веруваат дека некој зборува за нив секогаш кога нивните уши ќе се вжештат.

Бик

Суеверност

Биковите се приземни и реалистични личности кои нема да поверуваат во ништо пред да им дадете доказ. Сепак, суеверноста кај нив е поврзана со храната. Не се изненадувајте ако претставник на овој знак ви каже да не пеете додека јадете или да не седите на аголот од масата.

Како земјен знак, тие се силно поврзани со природата и најчесто ги прифаќаат суеверијата поврзани со неа. Најверојатно никогаш нема да видите бик како турка гнездо на ластовици.

Близнаци

Суеверност

Логиката е втемелена во размислувањата на близнаците, па претставниците на овој знак никогаш нема да се наречат себеси суеверни, но нема ни да одречат колку се важни соништата за нив. Често ќе ги најдете како пребаруваат по соновниците за да откријат што значат нивните соништа.

Комуникативните близнаци често ќе ги слушнете како пренесуваат одредено суеверие, но не затоа што веруваат во него, туку затоа што знаат дека тоа се популарни теми меѓу луѓето.

Рак

Суеверност

Раковите можеби се емотивни и имаат меко срце, но најчесто се подготвени со тешки зборови да „плукаат“ по суеверијата. Екстремно тешко е да ги убедите дека потковицата носи среќа или дека бројот 13 е несреќен број. Но, како „колекционери на хороскопот“, може да ги слушнете како тврдат дека фрлањето на стари работи носи несреќа.

Раковите се приврзани за домот, па ако воопшто забележите суеверност кај нив, тоа ќе биде поврзано со местото на живеење. Од нив може да слушнете дека скршеното огледало значи седум години несреќа или дека ќе се случи нешто лошо доколку отворите чадор во затворена просторија.

Лав

Суеверност

Лавовите се самоуверени личности кои сакаат да ја имаат контролата во свои раце и не веруваат дека случувањата во нивниот живот зависат од пресекување на патот од црна мачка или од петок 13. Во дискусиите за суеверијата, тие се секогаш жестоки противници кои укажуваат на важноста на логичкото размислување.

Голема е веројатноста да ги чуете со потсмев како велат дека треба да се јаде крајчето од лебот за да ги сака свекрвата или пак дека со поминувањето под скала се повикува неволја.

Девица

Суеверност

Иако нема да ви признаат, девиците се експерти кога станува збор за суеверијата. Но, и покрај тоа што ги знаат сите бабини деветини, сепак кога се во друштво, кај нив преовладува логиката и аналитичкото размислување.

Најчесто нивните суеверија се поврзани со чистотата, па нема да пропуштат да го исчистат домот пред голем празник, никогаш не би го треселе чаршафот по зајдисонце и не би го метеле подот додека нивен близок е на пат.

Вага

Суеверност

Вагите не се суеверни, но како личности кои се стремат кон хармоничен живот, може да имаат одредени ритуали кои им помагаат за сѐ да се движи во посакуваниот правец. Можно е во лошите моменти да чукнат трипати во дрво, или пак, да ги прекрстат прстите за среќа кога нешто силно посакуваат.

Како „романтичари на хороскопот“, вагите веруваат во суеверија поврзани со свадбата. Ќе ги слушнете како кажуваат дека зетот не треба да го види фустанот на невестата пред свадбата или дека невестата не треба да се сретне со друга невеста на големиот ден.

Шкорпија

Суеверност

Шкорпиите се кралици на суеверието. Тие веруваат дека сè во природата има некакво значење и дека ако нешто не работи во нивна корист, најверојатно ќе работи на нивна штета. Најчесто нивните суеверија се поврзани со здравјето. Можно е да ги видите како им облекуваат на своите деца нешто наопаку за да ги заштитат од уроци.

Исто така, многу претставници на овој знак носат накит со кристали и камења за кои веруваат дека имаат посебни моќи и влијаат на душевната состојба и среќата во животот.

Стрелец

Суеверност

„Авантуристите на хороскопот“ се спонтани, ретко планираат и ретко се суеверни. Сепак, би купиле потковица за да го декорираат својот дом со скриена надеж дека ќе им донесе среќа и пари или би го поддржале истурањето на вода кога некој тргнува на пат или пред важен настан.

Како љубители на природата, стрелците најверојатно веруваат во суеверија поврзани со неа – „ако те чешаат ушите, ќе врне“ или „детелината со четири листа носи среќа“.

Јарец

Суеверност

Јарците се разумни личности кои не веруваат и немаат време да веруваат во суеверија. Тие не ги сакаат личностите кои веруваат во нешто за кое ни самите немаат логично објаснување и се трудат по секоја цена да ги избегнат. Подобро е пред јарците да се избегнуваат темите на разговор поврзани со суеверија.

Оние малубројни суеверни претставници на овој знак не би оставиле чанта на подот за да не им „летнат“ парите и потајно веруваат дека ќе им стигнат пари кога ги чеша левата рака.

Водолија

Суеверност

Водолиите се личности кои не ги сакаат правилата, ниту пак суеверијата и редовно ги исмејуваат. Но, иако нема да признаат, бабините деветини ја будат љубопитноста кај нив, па можно е да ги „тестираат“ истите за да видат дали во нив се крие вистина. Водолиите никогаш нема да ве послушаат ако им речете да направат нешто поради суеверие.

Можно е да ги слушнете како се шегуваат дека ќе им дојдат гости ако видат бубамара, дека најдобро е да се станува на десна нога или дека омиленото парче накит секогаш им носи најмногу среќа.

Риби

Суеверност

Суеверијата одат рака под рака со животот на рибите кои веруваат во предодредена судбина и често се потпираат на интуицијата при донесувањето на одлуки. Можно е насекаде да носат свое „среќно“ пенкало за потпишување на важни документи, полагање на испити и сл., да не излегуваат од дома без амајлија или да имаат среќна модна комбинација за важните настани на кои е потребно да ги прати среќа.

Соништата се многу важен аспект од нивниот живот, па често ќе ги слушнете како прераскажуваат што сонувале претходната вечер или како толкуваат нечиј сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.