Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп 2022: Што ќе ви донесе Годината на Тигарот?

Кинески хороскоп 2022: Што ќе ви донесе Годината на Тигарот?

Милијарди лица од Кина и други азиски земји ја дочекаа Лунарната Нова година на 1 февруари и ѝ посакаа добредојде на Годината на Водниот Тигар.

Дали сте подготвени за лудо возење, брзи потези и користење на можностите без одолговлекување? Тигарот е силен, моќен, смел, инстинктивен и брз, а такви ќе бидеме и ние во претстојните 12 месеци.

Сè што ќе правиме, ќе правиме со страст и ентузијазам, стремејќи се да ги земеме нештата во свои раце и да станеме личноста која отсекогаш сме сакале да бидеме. Годините кои го носат елементот „Вода“ ни ја враќаат слободата и безгрижноста, правејќи го нашиот живот „течен“. Ова е година во која светот ќе мора да наоѓа решенија за проблеми поврзани со вода – суши, поплави, пристап до вода за пиење... За среќа, Годините на Тигарот носат иновации кои можат да бидат спас за многу проблеми поврзани со климатските промени.

Кинески хороскоп

Многу луѓе што се сметале себеси за ранобудни, сега ќе станат ноќни личности кои се многу попродуктивни во текот на вечерните часови.

Подгответе се за носење впечатливи модни комбинации. Под влијание на Тигарот, модната индустрија ќе биде посмела и веројатно ќе ги насочи трендовите кон неонски нијанси и принтови инспирирани од џунглата. Ќе го истакнуваме нашиот сексапил и ќе се чувствуваме прекрасно во сопствената кожа. Многу од нас ќе научат да се прифаќаат себеси онакви какви што се.

Во претстојните месеци, ќе се оддалечиме од екраните и наместо да се поврзуваме со луѓето во виртуелниот свет, ќе се зближуваме во реалноста. Заборавете на „дремењето“ на социјалните мрежи и читањето пораки од екран. Излезете и создавајте нови контакти во живо.

Што ќе ви донесе Годината на Тигарот вам? Тоа зависи од вашиот знак, т.е. од вашата година на раѓање. Ако не знаете кој е вашиот знак во кинескиот зодијак, проверете со калкулаторот:

Калкулатор за кинески хороскоп

Внеси датум на раѓање и кликни „Пресметај“

Стаорец

Кинески хороскоп

Дајте си дозвола да бидете побезгрижни! Во Годината на Тигарот ќе научите повеќе да се забавувате и да уживате во животот, иако нема да се откажувате од макотрпната работа. Балансот кој ќе го создадете ќе трае долго време.

Поради тоа што ќе бидете многу поактивни одошто во изминатата година, ќе запознаете куп нови пријатели кои ќе ви го разубават животот. Нови хобија ќе ви го разнообразат секојдневието, будејќи го експериментаторот во вас. Можни се далечни патувања и посета на нови места.

Бидете екстра внимателни кога ракувате со остри објекти. Можни се исекотини и рани, па дури и операции. Доколку ви претстои породување, тоа може да биде со царски рез.

Љубов

Претстојните 12 месеци ќе ви го променат љубовниот живот и ќе ви донесат среќни вести. Ако сте соло, ќе го пронајдете совршениот за вас кога воопшто нема да го барате. Веројатно тоа ќе биде при посета на ново место или додека уживате во активности кои никогаш претходно не сте ги пробале. Лесно ќе привлекувате погледи и ќе освојувате срца, но тоа не значи дека треба да си играте со туѓите чувства. Да, ќе имате голема мрежа од додворувачи, па избирајте мудро.

Претставниците на знакот Стаорец кои се во несреќна љубовна врска или брак, може да одлучат да се разделат со партнерот во Годината на смелиот Тигар.

Поголемата безгрижност која ќе ја покажувате оваа година ќе се одрази позитивно на односите со партнерот ако сте во врска. Ќе започнете да си посветувате повеќе време себеси, што ќе делува магично на вашиот изглед. Партнерот ќе ве обожава.

Кариера и пари

Сметајте само на себе! Во Годината на Тигарот нема да имате голема помош од луѓето околу вас, па ако сакате нешто да направите, ќе морате да го направите сами. Бидете одговорни на работното место и вложувајте го вашиот максимум што и да правите.

Бидејќи сте многу интелигентни по природа, ќе имате брилијантни идеи кои треба да се обидете да ги реализирате. Ви претстои зголемување на богатството, ново работно место или проширување на бизнисот. Ако се занимавате со продажба, сметајте се за среќник, ќе можете да му продадете сè на секого.

Вол

Кинески хороскоп

Среќата ќе ги следи најсмелите во Годината управувана од Тигарот, која ќе ви го размрда социјалниот живот и ќе ви донесе одлични можности во сите сфери. Реагирајте брзо на нив и потрудете се да ги искористите. Храбрите потези ќе ви носат најголеми награди.

Морате да научите да ги избегнувате токсичните личности и да стоите подалеку од озборувања. Не мора секогаш да се согласувате со сите. Фокусирајте се на зајакнување на најважните пријателства.

Оваа година ќе се соочувате со силни емоции, па морате да внимавате повеќе на вашето здравје, особено на вашиот стомак. Можни се проблеми со дигестивниот систем и со кожата. Напорно ќе работите и затоа морате да си одделувате време за вежбање по работното време.

Љубов

Дали ги слушате свадбените ѕвона? Годината на Тигарот ќе ви ги вкрсти патиштата со вашата сродна душа и ќе ве охрабри да го кажете судбоносното „Да“. Ова е прекрасна година за започнување нова љубовна романса и за стапување во брак.

Летото ќе биде најповолно за оние со статус сингл и ќе им донесе најголеми можности за остварување на романтичните соништа. Ќе чувствувате дека сте созреале доволно за да можете да го направите правилниот избор за себе. И нема да згрешите.

Претставниците на овој знак кои се во долга врска одлично ќе се согласуваат со партнерот и ќе одлучат да додадат уште еден член во нивното семејство или да го прошират домот. Бидете внимателни ако сте веќе во брак, можно е трета личност да ви предизвика проблеми во него. Не се преплавувајте со работни обврски кои ќе ви го намалат времето кое го поминувате со саканиот. Избегнувајте ја монотонијата.

Кариера и пари

На професионален план, ви претстојат позитивни промени во Годината на Тигарот. Не, дефинитивно успесите нема да ви бидат сервирани на послужавник, туку ќе морате напорно да работите за нив. За среќа, вие сте поим за трудољубива личност, па нема да имате никакви проблеми со тоа.

Профитабилни можности постојано ќе се појавуваат пред вас. Морате внимателно да се следите сè што се случува, особено во февруари и март. Некои претставници на овој знак ќе се насочат кон заминување во странство во потрага по подобар живот, а други ќе изберат сосема нова професија од онаа која веќе ја имаат. Да, можно е да инвестирате во вашето образование.

Не отстапувајте од вашите принципи на работење.

Тигар

Кинески хороскоп

Прекрасно е да се биде во ваша кожа. Ова е ваша година и во неа ќе донесете важни одлуки кои засекогаш ќе ве променат како личност. Долготрајни проблеми кои со месеци наназад ви го уништувале мирот, сега ќе испарат во воздухот.

Ќе уживате во големата популарност, но тоа може негативно да ви се одрази на пријателствата. Одделувајте си повеќе време за средби со друштвото и авантури со партнерот.

Можно е да ги игнорирате вашите потреби поради популарност и презафатеност. Важно е да си одделувате доволно време за спиење и редовно да се храните. Не дозволувајте стресот да се насобира во вашето тело, најдете активности кои ќе ве релаксираат.

Љубов

БУМ! Љубовниот живот ќе ви се дрма под влијание на страста која ќе струи во вашето тело. Со партнерот ќе се радувате на зголемена интимност, но нема да биде сè така розово во вашата врска. Поради преголемата посветеност на работата и кариерата, можни се зачестени кавги и недоразбирања. Секогаш избирајте дипломатија пред војна.

Ако сте сингл, зголемената популарност ќе ви донесе и нови обожаватели. Годината на Тигарот ќе ја зголеми вашата женственост и ќе го истакне вашиот сексапил. Бидете трпеливи во љубовта. Најубавата можност да влезете во долга врска ќе се појави налето.

Кариера и пари

Вие сте ѕвезда во подем во вашата кариера, а вашата харизма ќе го освои деловниот свет. Луѓето безрезервно ќе ве следат и ќе ви веруваат, па стремете се кон лидерска позиција и реализирање на вашите најголеми идеи. Доколку се стремите кон промени во кариерата, па дури и професијата, ова е идеална година за истражување и експериментирање. Некои од вас ќе откријат дека нивно хоби може да им носи пари.

Напорно ќе работите и треба да се цените себеси и да го наплаќате вашиот труд. Не се задоволувајте со минимална плата кога можете да добиете многу повеќе. Колку повисоко ќе целите, толку повеќе ќе добиете.

Понуда за работа ќе добиете во месеците февруари и март. Следете ја вашата интуиција.

Зајак

Кинески хороскоп

Зајакот и Тигарот одлично се разбираат и стојат еден покрај друг во зодијакот. Ова е година во која ќе блеснете со вашата интелигенција и ќе ги реализирате вашите замисли.

Заборавете на предрасудите и отворете го умот. Прекрасно пријателство ќе се роди меѓу вас и личност која има сосем различен карактер од вашиот. Ако научите да ја гледате таа личност без да ѝ судите, меѓу вас ќе се создаде сојуз кој ќе трае цел живот.

Претпочитајте ги смирените и релаксирачки активности пред адреналинските предизвици. Одделете си време за прошетки во природа и за медитација. Ограничете го внесот на кофеин и шеќер.

Љубов

Насмевнете се, љубовта е во воздухот околу вас! Годината на Тигарот ќе ви ја зголеми страста во врската, носејќи ви задоволство и уживање. Пукнатините од изминатата година сега ќе бидат пополнети, а вие ќе изградите цврста доверба со партнерот. Некои љубовни партнери во последниот квартал од годината ќе заминат на забавно патување на далечна дестинација и ќе треба да донесат сериозна одлука.

Кажете им големо ДА на забавите и на поканите за љубовни состаноци кои ги добивате на социјалните мрежи. Сепак, морате да внимавате на кого му верувате. Само затоа што некој ви вели дека никогаш нема да ве разочара, не значи и дека тоа навистина го мисли.

Некои претставници на знакот Зајак ќе одлучат дека се задоволни со статусот сингл и воопшто нема да се трудат да го променат.

Кариера и пари

Ова е среќна година за вас на професионален план. Многу луѓе ќе подадат рака кон вас за да ви помогнат. Најголема поддршка ќе добиете од роднина или претпоставен од машки пол.

Промените во кариерата нема да се случат веднаш штом ќе започне Годината на Тигарот, но ако бидете трпеливи, ќе имате одлични можности за зголемување на богатството, инвестиции и премесување на повисока позиција. Начулете ги ушите и слушајте што се зборува околу вас. Можностите ќе се појавуваат кога не ги очекувате.

Во периодот околу август и септември ќе добиете можност да остварите некој ваш сон.

Змеј

Кинески хороскоп

Животот ќе ви се промени во Годината на Тигарот. Бидете флексибилни и брзо адаптирајте се на новите услови. Ви претстојат нови почетоци, но и предизвици, кои брзо ќе ги надминувате ако верувате во себе и ако користите мудрост, а не сила.

Бидејќи сте личност која води стресен и зафатен живот, честопати ги игнорирате здравствените проблеми. Оваа година не го игнорирајте уморот и проблемите со спиењето. Во спротивно, може да се истоштите себеси.

Љубов

Ќе расцутите како нежно цвеќе и многумина ќе ѝ се одушевуваат на вашата убавина. Во Годината на Тигарот ќе имате многу весели искуства и ќе посетите многу места на кои ќе стекнете голем број нови обожаватели. Сепак, одлуката да влезете во нова врска ќе ја донесете кон средината на годината.

Љубов како од филмовите ќе имаат „Змејовите“ кои се во врска. Тоа што ќе се фокусирате повеќе на себе ќе ви се одрази позитивно и на односите со партнерот.

Ако сте во брак, фокусирајте се на комуникацијата меѓу вас и партнерот и на зголемување на страста.

Кариера и пари

Претстојната 2022 година ќе го разбуди претприемачот во вас и ќе ве натера да бидете многу поодговорна личност. Многу претставници на вашиот знак ќе отворат свој бизнис или ќе започнат да собираат средства преку спонзори за да реализираат иновативни проекти.

Запомнете дека среќата оваа година ќе биде на страната на најупорните „Змејови“, оние кои не се откажуваат на првата пречка. Стојте подалеку од личности кои можат да ви ја намалат самодовербата или да ве наговорат да се откажете од вашите замисли. Колку и лудо да ви звучи некоја идеја, ќе можете да ја реализирате ако верувате во себе.

Конкуренцијата не треба да дозволувате да ве натера да исфрлате оган од устата, напротив, научете да ја победувате со стил, смирено и грациозно. Можно е да го проширите вашиот недвижен имот.

Змија

Кинески хороскоп

Змијата не зависи од Тигарот и тие воопшто не си пречат еден со друг. Иако претстојната година нема да биде една од најуспешните, ќе можете да ги правите нештата кои ги сакате без да имате пречки на вашиот пат. Новите можности за растење во кариерата, за љубовни авантури и за патување ќе бидат насекаде околу вас. Потребно е само да одлучите што сакате.

Многу родени во вашиот знак ќе одлучат да го кренат својот глас во име на немоќните и ќе променат многу животи. Стојте подалеку од озборувања и скандали кои можат да ви ја нарушат репутацијата.

Редовно одделувајте си време за одмор и обновување на енергијата. Склони сте кон преуморување.

Љубов

Подгответе се да го шармирате светот ако сте сингл. Во Годината на Тигарот нема да заведувате само со изгледот, туку и со карактерот. Кога ќе одлучите да се покажете во вистинското светло, луѓето тешко ќе можат да престанат да мислат на вас. Ако трагате по нова врска, насочете се кон партнер кој ќе ве охрабри да ги постигнете посакуваните цели и кој ве поддржува. Некои ќе одлучат да обновата стара врска.

Стабилност – ова е нешто што оваа година ќе сакате да го изградите за вас и за вашето семејство ако сте во брак. Со партнерот организирајте патување и поведете ги вашите најмили во авантура која ќе ве зближи.

Кариера и пари

Вашата тврдоглавост ќе ја искористете на позитивен начин во Годината на Тигарот и ќе постигнете сè што сте зацртале. Засукајте ги ракавите и не се плашете да си ги „извалкате“ рацете. „Змиите“ ќе бидат одлични во работата со раце, па ако сте уметник или артист, ќе имате екстремно успешна година. Пазете се од љубоморни личности кои ви завидуваат за вашите успеси.

Претстојната година не е поволна за промена на работното место или професијата. Сепак, тоа не значи дека нема да имате можности за дополнителна заработка. Претставниците на овој знак се итри и паметни, па не само што ќе имате странични ангажмани, туку и ќе умеете да штедите.

Можно е да станете сопственик на имот.

Коњ

Кинески хороскоп

Коњот и Тигарот одлично се согласуваат. Всушност, Коњот го води Тигарот до целта, а тоа значи дека оваа година ќе се издигнете над предизвиците и ќе стигнете до лидерска позиција. Луѓето ќе сакаат да ве следат, па поведете ги во авантура која долго време ќе ја паметат.

Годината на Тигарот ќе ви донесе сè за што некогаш сте сонувале, крунисувајќи ја со плод вашата напорна работа. Секое делче од вашиот живот ќе се придвижи нанапред. Ова е онаа точка во која ќе ги срушите старите рутини и ќе создадете нови, многу позабавни и повозбудливи.

Најдете баланс меѓу работата и личниот живот, особено релаксацијата. Клучно е да не се преуморувате и да ги задоволувате вашите потреби за да имате добро здравје оваа година. Родените во знакот „Коњ“ се грижат за другите, но оваа година морате да се погрижите и за себе. Пазете се од повреди.

Љубов

Љубовта и хармонијата ќе бидат во воздухот, подгответе се за слатко возење низ претстојните 12 месеци. Сродните души ќе си ги вкрстат патиштата, па 2022 е година во која ќе го сретнете вашиот доживотен партнер.

Бидете достапни за разговори и нови познанства, многу нови луѓе ќе сакаат да ве запознаат. Запомнете дека во Годината на Тигарот ќе треба да избирате со срцето, а не со главата, но нема да згрешите во изборот.

Ако сте во брак или долга врска, одлично ќе се разбирате со партнерот. Дури и да се појави некаков предизвик на вашиот пат, заедно ќе го надминувате низ бакнежи и прегратки. Многу парови ќе тргнат во нова авантура која ќе вклучува активности кои досега ги немале пробано. Љубовниот живот ќе ви биде полн со задоволства.

Кариера и пари

Претстојната година ќе биде лесна трка за вас. Со малку напор, ќе успевате да постигнете подобри резултати од сите останати. Не само што ќе блеснете како сјајна ѕвезда, туку и ќе ја освоите почитта на луѓето, особено на вашите претпоставени. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и ќе бидете центар на вниманието, па исполнувајте ги вашите обврски одговорно и не доцнете. Унапредување или зголемување на платата им претстои на сите претставници на овој знак.

Засилете го темпото и следете ги вашите амбициозни планови. Без разлика дали сонувате за сопствен бизнис, за купување на имот, за создавање ремек-дело или за раководна позиција, ќе успеете да го реализирате. Сите тие непреспани ноќи ќе се исплатат, а вашиот професионален живот ќе биде постабилен отсекогаш.

Годината на Тигарот е одлична за да ги покажете вашите таленти, особено ако сте артист. Заборавете на скромноста, наплатете ја вашата работа. Ќе имате нарачки со големи цифри.

Коза

Кинески хороскоп

Козата и Тигарот воопшто не си пречат, што значи дека оваа година нема да имате пречки и проблеми. Ви претстојат промени, но од вашето расположение зависи какви ќе бидат тие. Заборавете на песимизмот, тој ќе ви биде најголемата пречка кон успехот.

Можно е да се соочите со алергии и чести настинки. Користете ги сончевите денови за уживање под сонцето и примање витамин Д, јадете сезонска храна и следете ги препораките на докторите.

Љубов

Вложувајте во љубовта во Годината на Тигарот. Ако сакате партнерот да се грижи за вас, морате и вие да се грижите за него. Врските треба да бидат двонасочна улица. Добрата комуникација ќе резултира со стабилна романса, но лошата ќе носи незадоволство и расправии. Помислата за стапување во брак ќе ви го насмевнува лицето и ќе ве искушува.

Ако сте сингл, негувајте го вашиот изглед и дотерувајте се. Љубовта ќе се роди неочекувано, најверојатно во летните месеци. Можно е да ја запознаете вашата сродна душа додека пазарувате, се шетате во паркот или пиете кафе со пријател. Многу претставници на овој знак нема да сакаат да започнат сериозна врска, стремејќи се кон нови висини во кариерата.

Кариера и пари

Во Годината на Тигарот многу полесно ќе ги реализирате вашите идеи отколку во изминатите години. Вашата репутација ќе се подобри, како и вашата популарност. Околу вас ќе има многу луѓе кои ќе бидат подготвени да ви помогнат, сè што треба да направите е да го побарате тоа од нив. Ако трагате по промени на професионален план, сега ќе имате многу можности за тоа.

Некои од вас ќе започнат да заработуваат пари со талент кој досега го криеле, или пак, преку нивно хоби. Не кријте ги вашите вештини, покажете му на светот од што сте направени.

Нема да имате финансиска стабилност во претстојните месеци. Ако инвестирате пари или купувате нешто големо, бидете внимателни и претпазливи, предупредени сте. Важно е да на бидете лакоми.

Мајмун

Кинески хороскоп

Во Годината на Тигарот, вие ќе се фокусирате на здравјето. Тоа не значи дека претстојните месеци ќе ви бидат здодевни и поминати во броење калории. Напротив, ви претстојат авантури, но и предизвици, подеми и падови.

Морате да научите да ги проценувате луѓето и да стоите подалеку од оние кои им завидуваат на вашите успеси. Премногу ќе се грижите за туѓото мислење за вас, па морате да работите на зголемување на самодовербата.

Здравјето ќе биде богатство за родените во знакот „Мајмун“. „Подобро е да се спречи одошто да се лечи“ ќе биде ваше мото во годината во која ќе го третирате вашето тело како ваш храм и ќе се грижите за него како никогаш досега. Кога еднаш ќе изберете стратегија за подобрување на здравјето, придржувајте се до неа. Честите промени не се препорачливи.

Љубов

Размрдајте го вашиот друштвен живот. Најубавите можности да запознаете личност со потенцијал за долга врска ќе се раѓаат преку контакти создадени од ваши пријатели или роднини. Изберете партнер со кој ќе имате заеднички интереси.

Ако сте во врска, ставете јасни граници меѓу личниот и професионалниот живот. Не дозволувајте фрустрациите од работата да се одразат негативно на односите со партнерот, бидејќи она што ви треба најмногу оваа година е неговата поддршка. Слободата ќе ви биде многу важна оваа година, па ако сте во врска со партнер кој премногу ве контролира или ви создава притисок, најверојатно ќе му раскинете.

Кариера и пари

Подгответе се за една напорна година полна со предизвици. Ако не се откажете и сте упорни, Годината на Тигарот ќе ве направи доволно посилни и похрабри отсекогаш. Тешко ќе стигнувате до награди и пофалби и покрај тоа што во 2022 година ќе прифатите дополнителни одговорности. Морате да зачувате оптимизам, бидејќи упорноста на крајот ќе ви се исплати.

Искористете го овој период за да стекнете нови вештини и да го проширите вашето знаење во нови области.

Избегнувајте ги непотребните трошоци по секоја цена, бидејќи можно е да навлезете во непосакувани долгови. Процената на буџетот и средствата нема да ви биде баш најдобра. На моменти ќе ви се чини дека ги имате неопходните ресурси за да реализирате уште некој проект, кога во суштина треба да престанете. Научете да велите СТОП пред да се преморите.

Петел

Кинески хороскоп

Петелот го поддржува Тигарот и има одговорност да му помага да носи правилни одлуки. Ова е година во која треба да го споделите вашето знаење и искуство со другите

Популарноста брзо ќе ви расте. Очекувајте чести дружби не само со вашите пријатели, туку и со нови личности кои ќе се појават на вашиот пат во Годината на Тигарот. Благодарение на нивните различни погледи кон светот, ќе станете многу подобра личност со широки погледи и одлични идеи.

Иако ќе уживате да им помагате на другите луѓе, тоа лесно може да доведе до истоштување ако не си поставите граници.

Љубов

Пријателите ќе стануваат партнери во Годината на Тигарот. Во претстојниот период можно е да започнете романса со некој од вашиот круг на пријатели кој секогаш бил покрај вас кога сте имале потреба од тоа.

На оние кои се во врска им претстои мирна година без некои големи промени. Во љубовта нема да сакате да експериментирате и ќе научите да го гледате светот од гледна точка на вашиот партнер, што дополнително ќе ви ја зголеми хармонијата во меѓусебните односи. Родените во знакот „Петел“ кои се во брак можно е да одлучат да го прошират семејството.

Кариера и пари

Годината на Тигарот е година на падови и подеми за вас. Не се разочарувајте ако доживеете неуспех, бидејќи голема е веројатноста тој да се случил со причина. Само што ќе помислите дека немате среќа, нови врати ќе се отворат пред вас. Веројатно ќе треба да излезете од удобната зона за да ги искористите можностите, но авантуристичките потфати ќе ве направат дел од одлични проекти и ќе ви донесат неочекувани шанси за напредок.

Ако имате работно место поврзано со советување, организирање или воспоставување ред, ви претстои особено успешна година. Можно е да создадете нешто ново и иновативно. Покажете ги вашите таленти.

На финансиски план, ќе треба да исплатите стар долг или ќе имате непредвиден трошок. За среќа, проблемите поврзани со пари ќе бидат краткорочни, бидејќи вие ќе наоѓате начини како да се изборите со ваквите ситуации. Богатството ќе ви се зголеми во втората половина од годината.

Куче

Кинески хороскоп

Во Годината на Тигарот ќе блеснете како сјајна ѕвезда и многу очи ќе бидат насочени кон вас. Личности на високи позиции ќе имаат потреба од вашите совети, па ќе ви се отворат врати кои претходно ви биле затворени. Вашата лојалност ќе биде наградена.

Без забава, напорната работа ќе ви создава монотонија, а тоа е нешто што мора да го избегнувате во 2022 година. Одделувајте си време за разонода и релаксација и не пропуштајте максимално да го искористите годишниот одмор.

Долгите часови поминати во работа лесно можат да се одразат на вашето здравје ако не научите да ги задоволувате вашите потреби и ако се храните со брза храна. Создавајте структура и поставете си граници за да можете успешно да балансирате меѓу одморот и работата, меѓу личниот и професионалниот живот. За да се погрижите за другите, морате прво да се погрижите за себе во претстојните 12 месеци.

Љубов

Разнообразност, страст и силни чувства ќе ви донесе Годината на Водниот Тигар, бришејќи ги сите недоразбирања кои сте ги имале во врската. Често ќе се присетувате со партнерот на заедничките спомени и тие слатки моменти ќе ве зближуваат. И оние кои се во брак ќе имаат обновување на страста во него.

Славете ја вашата љубов, особено на важните датуми, како годишнини, родендени или Денот на вљубените. Поминувајте повеќе квалитетно време заедно.

Точно ќе знаете што сакате и како да го добиете. Ако некој ви го освои срцето, нема шанси да не му го привлечете погледот. Не се плашете од манипулатори и самобендисани личности, лесно ќе ги насетувате нивните намери и ќе се повлекувате пред да имаат шанса да ве повредат. Избегнувајте ја комуникацијата онлајн и претпочитајте ги флертувањата во четири очи.

Кариера и пари

Ова е ваша година, започнете да ја трчате трката кон целта. Напорната работа и колегите кои ќе ве поддржуваат ќе бидат причините што ќе си ги остварите професионалните соништа, газејќи на стабилен терен. Не дозволувајте никој да ви влијае на самодовербата или да ве обесхрабрува. Најубавите нешта ќе им се случуваат на оние кој најсилно веруваат во себе.

Ако поседувате сопствен бизнис, очекувајте голем успех наесен.

Кога се парите во прашање, нема да имате никакви проблеми. Годината на Тигарот е погодна за инвестиции, купување големи нешта како недвижност или возило и започнување долгорочни проекти.

Свиња

Кинески хороскоп

Помалку работење, а повеќе љубов. Годината на Тигарот ќе го забрза темпото на живот за сите, но вам ќе ви биде малку потешко да се адаптирате на него. Врските кои патем ќе ги формирате со луѓето ќе ви бидат најголемото постигнување оваа година. Ќе ја пронајдете смислата на вашиот живот и ќе се гордеете со вашите постигнувања.

Патувањата и откривањето нови места ќе ви го направат животот повозбудлив и ќе ви го отворат умот за новите можности кои стојат пред вас. Обединете се со личностите кои имаат исти цели како вашите.

Бидејќи ќе бидете фокусирани на уживање во задоволствата на животот, можно е да се соочите со неорганизираност и хаос на професионален и семеен план. Морате да создадете добри навики и да бидете доследни на нив.

Љубов

Во 2022 година ќе зрачите со сексапил и ќе бидете посамоуверени отсекогаш. Љубовта ќе биде во воздухот, а среќата ќе ви се насмевне. Ќе запознаете некој специјален, но не дозволувајте сомнежите да ве спречат да ја пропуштите таа шанса. Ѕвездите се на ваша страна, не грижете се.

Опсипувајте го партнерот со љубов и внимание. Во Годината на Тигарот многу очи ќе бидат насочени кон вас, што значи дека постои веројатност да се соочите со љубомора во врската. Редовно разговарајте со партнерот и кажувајте му дека е единствениот за вас. Добрата комуникација е клучот кон мирна романса.

Кариера и пари

Дозволете луѓето околу вас да ви помагаат во Годината на Тигарот. Односите со колегите значително ќе ви се подобрат и тие со задоволство ќе ви подадат рака. Можно е да започнете да соработувате со личност која ќе ви помогне да го откриете вашиот потенцијал и креативните способности. Претпочитајте ги тимските проекти пред индивидуалните.

Не брзајте оваа година. Одделете си онолку време колку што ви е потребно за добро да размислите и да ја донесете најдобрата одлука.

Финансиската состојба ќе ви биде стабилна. Без разлика на состојбата на пазарот, ќе наоѓате начини да заработите. Можно е да ви биде понудена работната позиција кон која се стремевте во минатото. Ова е одлична година за инвестиции. Бидете екстра внимателни кога потпишувате договори и внимателно читајте што пишува во нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.