Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп

Кинески хороскоп

Кинески хороскоп

Кинески хороскоп

Кинески хороскоп

Кинескиот хороскоп се користи веќе неколку илјади години и е составен од 12 знаци. Во хороскопот на западните цивилизации (оној кој и ние го користиме), знакот се одредува според месецот на раѓање, а во кинескиот хороскоп знакот се одредува врз основа на годината на раѓање.

Знаците своите имиња ги добиле според мит со Буда. Во него се вели дека Буда пред да замине од овој свет ги поканил сите животни на гозба. На закажаното место се појавиле 12 претставници и тоа по следниот редослед – стаорец, вол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, коза, мајмун, петел, куче и свиња.

За награда Буда решил секоја година да ја именува според тие животни, по редоследот на нивното доаѓање. Секоја година во 12-годишниот циклус има животно како свој симбол. Карактеристиките на ова животно се смета дека влијаат врз настаните во светот и судбината на секој што е роден во таа година.

Кинески хороскоп » Стаорец

Стаорец

Стаорецот е сметан за најтрудољубивиот и најработливиот знак во хороскопот. Работите напорно за да ги постигнете вашите цели. Понекогаш е тешко да се работи со вас, затоа што сте родени перфекционисти и често знаете да ги критикувате другите. Остроумни сте и знаете да се справите со секоја ситуација без разлика колку тешка и неостварлива е таа за другите.

Секогаш сте исполнети со енергија и поради тоа ви е тешко да седите на едно место, без да правите нешто. Постојано сте во движење и многу активни. Амбициозни сте и најчесто многу успешни.

Комуникативни сте и секогаш на другите им давате најдобри совети, но вие никогаш не ги споделувате вашите проблеми со нив. Имате брз ум и јазик и никогаш не се уморувате од зборување. Тоа многу често ве прави озборувачи во очите на другите. Чесни сте и лојални и никогаш не ги изневерувате очекувањата на вашите најблиски.

Љубов: Вашата шармантност е многу привлечна за спротивниот пол. Може да се каже дека најголем недостаток ви е тоа што не знаете да ставате крај на врските, а тоа ве кочи во започнувањето на нова. Партнерот што ќе си го изберете треба да е способен да го следи вашето темпо. Доброто е што кога сте со него давате сè од себе и знаете да „живеете за моментот“.

Здравје: Како претставник на овој знак, имате добро здравје, затоа што вашата активност ве одржува во форма и ви дава способност да се борите со болестите. Но, многу често сте агресивни и исполнети со негативна енергија, а тоа може да доведе до стрес. Вежбите за смирување се препорачливи за вас.

Најмногу си одговарате со: змеј и мајмун.

Не си одговарате со: зајак и коњ.

« Назад

Кинески хороскоп » Вол

Вол

Ако сте родени во годината на волот, вие сте трпеливи и не зборувате многу. Имате некоја посебна магија која прави другите лесно да ви се доверуваат, а вие секогаш знаете да ги ислушате. Тоа е и една од вашите тајни кон успехот. Но, ако некој ја предаде вашата доверба, подобро нека внимава.

Често знаете да бидете ексцентрични и лесно избувнувате. А кога ќе избувнете, другите најдобро е да стојат настрана од вашиот пат. Кога сте несреќни или вознемирени работите сè додека не се чувствувате подобро. Секогаш ги враќате своите долгови и ако некогаш заборавите да го направите тоа не си простувате лесно. Никогаш не заборавате кога некој ќе ви направи услуга и враќате на неа со дела, а не со зборови.

Понекогаш сте многу тврдоглави и не прифаќате помош од другите. Преферирате да изгубите двојно повеќе време и да го направите нешто сами и на ваш начин, отколку да побарате помош.

Решителни сте и работите неуморно за да го постигнете она што го сакате. Чекор по чекор, бавно но сигурно вие се приближувате кон вашата цел. Вие сте зависни од рутините додека работата не биде завршена. Но, мора да внимавате да не станете робови на вашата работа или професија. Сметате дека успехот доаѓа само со напорна работа, а оние кои не работаат се мрзливи и не заслужуваат да бидат почитувани.

Вие сте секогаш точни, чесни и работите напорно. Имате одлична меморија и ги помните и забележувате деталите што другите ги пропуштаат. Мразите неуспеси и кога некој да ви противречи.

Љубов: Отворени сте и не ги сакате љубовните игри кои другите ги играат. Ви треба повеќе време за да воспоставите интимни односи со некој, но кога еднаш ќе се заљубите вие сте лојални и верни. Ги почитувате традициите, а семејството и домот ви се на прво место.

Здравје: Вие сте силни и здрави и најчесто живеете долг живот. Но, работите премногу и ретко си допуштате одмор и релаксација.

Најмногу си одговарате со: змија и петел.

Не си одговарате со: коза.

« Назад

Кинески хороскоп » Тигар

Тигар

Ако сте родени во една од годините на тигарот, вие имате натпреварувачки дух. Би прифатиле секаков предизвик, особено ако се работи за заштита на вашите најмили или за заштита на вашата чест. Другите луѓе знаат да ве почитуваат, но често влегувате во конфликти со постари луѓе и луѓе со поголем авторитет од вас, затоа што сте родени лидери и не сакате кога некој ви кажува што да правите.

Другите често се заблудени од вашата смирена надворешност, но не знаат дека длабоко во себе вие сте бунтовници и непредвидливи. Сакате да бидете во центарот на вниманието и ретко поминувате незабележани.

Обожавате авантури, а поради вашата храброст имате многу обожаватели дури и меѓу оние кои не ги одобруваат вашите дејствија. Нетрпеливи сте и секогаш спремни за акција. Понекогаш не можете да се одлучите и тоа резултира со избрзани и непромислени одлуки или одлуки донесени кога е веќе предоцна.

И покрај вашата скептична природа, вие сте искрени и дарежливи. Ги сакате луѓето и многу често можете да бидете најдени во улогата на организатор на хуманитарна акција. Имате многу добра смисла за хумор и знаете да ги забавувате другите.

Љубов: Романтични сте, страсни, но во истото време и многу љубоморни и посесивни. Ако не научите да ги контролирате вашите чувства, може да имате многу проблеми. Вашиот живот е исполнет со емоционални ситуации, но вас не ви пречи тоа – го сакате животот и сакате да го живеете на свој начин.

Здравје: Работите премногу и многу често се чувствувате исцрпени. Иако лесно се полните со енергија, ова може да предизвика проблеми со вашето здравје. Мора да развиете побалансиран приод кон животот, со кој ќе ја користите енергијата поефикасно.

Најмногу си одговарате со: коњ и куче.

Не си одговарате со: мајмун.

« Назад

Кинески хороскоп » Зајак

Зајак

Ако сте родени во една од годините на зајакот, тогаш вие сте многу талентирани и амбициозни. Родени сте во најсреќниот знак и имате многу среќа кога се во прашање парите. Особено добри сте во склучувањето зделки.

Имате одличен вкус и сте чувствителни на убавина. Сакате смирен живот и отфрлате сè околу вас што би можело да ја заплаши вашата сигурност. Уживате во домашна атмосфера, а најмногу во тивките вечери. Како дипломати во хороскопот секогаш се залагате за мир и поради тоа многу сте ценети и почитувани од општеството.

Вашата силна волја е „виновникот“ што бавно, но решително и сигурно ги исполнувате поставените цели. Никогаш не брзате и кога сите брзаат вие знаете да им напомните дека сè уште постои утре.

Многу ретко, речиси никогаш не избувнувате, но кога сте нерасположени, сте индиферентни кон светот. Имате добри манири и никогаш не користите груби зборови и пцовки. Никогаш нема да ги засрамите јавно вашите пријатели со недостојно однесување. Не сакате неволји и не сте борци. Кога работите стануваат груби или ги користите дипломатските способности или се повлекувате.

Вие сте добродушни, дискретни и луѓето многу често ви се доверуваат. Правите сè за луѓето кои ги сакате, особено за вашите пријатели. Полни сте со разбирање и топлина и на другите им е пријатно кога се во ваше друштво. Но, понекогаш изгледа како повеќе да ги сакате вашите пријатели, отколку вашето семејство.

Љубов: Вие сте многу чувствителни љубовници. Цврстата надворешност всушност крие сензуална личност. Вие сте едновремено и реалистични и романтични. Потребен ви е партнер кој ќе ви даде сигурност.

Здравје: Понекогаш не покажувате дека сте вознемирени или под стрес и ги чувате своите чувства внатре во себе. Тоа може да предизвика болест. Препорачливо е да имате повеќе секојдневни активности кои го намалуваат стресот и го подобруваат вашето здравје.

Најмногу си одговарате со: коза и свиња.

Не си одговарате со: петел.

« Назад

Кинески хороскоп » Змеј

Змеј

Ова е омилениот знак на кинезите, затоа што родените во годината на змејот се со благородно срце и исполнети со животна енергија.

Ако сте родени во овој знак, вие сте полни со енергија и љубов кон животот. Секогаш сте во движење и имате голем број обожаватели кои се трудат да бидат како вас. Ниту едно ваше дело, без разлика дали е добро или лошо, не поминува незабележано.

Секогаш имате цел која се трудите да ја постигнете и кауза за која живете. Вие сте суштества на акцијата, а оние кои не се активни, често се тажни. Трагате по совршенство и понекогаш си поставувате цели превисоки за постигнување.

Блескате од радост кога покрај вас има некој кој ви верува, затоа што вие често слепо им верувате на другите и тие знаат да го злоупотребат ова. Па, внимавајте на кого му се доверувате. Иако сте родени во најексцентричниот знак од источниот хороскоп, вие сепак имате меко срце и сте многу чувствителни.

Се сметате за многу силна личност, но некогаш тоа е многу пресилено. Кога ќе се соочите со тешка ситуација не барате помош, а се исцрпувате самите себе. Кога еднаш ќе ја изберете вистинската професија, вие сте посветени и многу успешни.

Екстремно им сте лојални на вашите пријатели и семејството. Но, основниот ваш недостаток е што не знаете да чувате тајни долго време и понекогаш сакате да давате совети кои ретко ги применувате во вашиот живот. И покрај тоа, секогаш зборувате од срце и сте многу искрени.

Љубов: Иако сте многу емоционални, вие не сте романтични или сентиментални. Тешко ви е да ги прикривате вистинските чувства, а и не се ни трудите. Во врска обично вие сте оние кои ги кршете срцата. Не влегувате млади во брак и сте посреќни кога живеете сами.

Здравје: Најчесто сте личности кои имаат одлично здравје, поради тоа што сте физички активни. Но, точно е и тоа дека страдате од главоболки поради големиот стрес што го доживувате како резултат на преземањето на големите ризици. За вас препорачливи се релаксирачките активности, како на пример јогата, која што може да ви биде корисна за подобрување на психичкото и физичкото здравје.

Најмногу си одговарате со: стаорец и мајмун.

Не си одговарате со: куче.

« Назад

Кинески хороскоп » Змија

Змија

Ако сте родени во една од годините на змијата, вие знаете да проникнувате длабоко во работите, малку зборувате и поседувате огромна слобода. Си верувате, сметате само на себе и ретко грешите во вашата проценка. Никогаш не се мешате во животот на другите луѓе, а оговарањето не е ваша силна страна.

Не грижете се за пари, затоа што во врска со нив имате огромна среќа и секогаш кога ви се потребни, се појавуваат од некаде. И покрај ваквата ваша среќа, вие никогаш не се коцкате, затоа што сте паметни и знаете до што води тоа. Имате добра душа и секогаш се трудите да им помогнете на победните од вас.

Посветени сте на сè што правите во животот и не сакате неуспеси. Секој ваш потег е однапред испланиран и многу ретко отстапувате и од вашите планови и позиции.

Можете да бидете добри политичари, поради вашите преговарачки вештини. Исто така, имате добра смисла за хумор и дури и во кризни ситуации знаете да ја затоплите атмосферата. Брзо учите и кога еднаш ќе направите некоја грешка, никогаш повеќе не ја повторувате.

Вие сте личности кои добро изгледаат и имаат прекрасна кожа. Грациозни сте, секогаш елегантно облечени и имате добри манири. Под вашата софистицирана надворешност се крие суеверна и скептична личност, но тоа го чувате во себе.

Обожавател сте на уметноста и сакате добри книги. Сакате скапи работи и најчесто имате брачни проблеми поради вашите капризи.

Љубов: Многу сте мистериозни и никогаш не ги искажувате своите вистински чувства. Под смирената надворешност се крие емоционална и страсна личност. Но, вашиот основен недостаток е вашата љубомора. Кога нешто ќе наумите спремни сте да одите далеку за да го постигнете тоа и не дозволувате некој да ве спречи. Ако некој ве налути тој побрзо ќе ја почувствува вашата омраза, отколку што ќе чуе некој остар збор од вас.

Здравје: Преферирате да го живеете својот живот во мир и претпочитате тишина, наместо врева. Не сакате да имате пренатоварен распоред, затоа што тоа заедно со стресот кој го доживувате кога не ви е сè подредено, тивко влијаат негативно на вашето здравје.

Најмногу си одговарате со: вол и петел.

Не си одговарате со: свиња.

« Назад

Кинески хороскоп » Коњ

Коњ

Ако сте родени во една од годните на коњот, вие сте многу популарни поради вашата привлечност. Топли сте, пријателски настроени, сакате забави и места каде се собираат многу луѓе. Лесно се спријателувате и уживате додека зборувате. Многу сте непостојани, темпераментни и секогаш брзате некаде.

Авантуристи сте, остроумни и имате голема способност за менаџирање со пари. Сметате само на себе и сте полни со енергија. Обожавате и физички и ментални вежби. Вашите движења се брзи, но грациозни. Вашиот говор е брз, но елегантен. Сакате работите да се одвиваат како што вие сакате и станувате агресивни при неуспех.

Најмногу од сè ја цените својата слобода и не сте посесивни или љубоморни на другите. Многу сте променливи, па вашето расположение зависи од вашите моментални чувства. Знаете да импровизирате и во најтешките ситуации.

Непостојани сте, крвта ви врие за сè освен за вашата секојдневна работа. Не престанувате да работите, а кога ќе престанете тоа е поради исцрпување. Не ги сакате рутините и не сакате да следите некој точно определен распоред. Ако оние кои се повисоко од вас во хиерархијата сакаат добро завршена работа, треба да ви дадат слобода. Секогаш сте полни со идеи за решавање дури и на најтешките проблеми.

Љубов: Сакате да ги искажувате вашите чувства и емоции, но внимавајте кога сте заљубени многу лесно можат да ве повредат. Давате сè за да го привлечете вниманието на другите, особено на вашиот љубен. Кога сте вие присутни, другите нека се помират со фактот дека целото внимание ќе биде насочено кон вас. Сакате кога светот се врти околу вас. Колку што брзо се заљубувате и приврзувате кон другите, толку брзо можете да го изгубите интересот кон нив. Тука денес, а некаде далеку утре – тоа се коњите.

Здравје: Како претставник на коњот, вие сте многу здрави поради тоа што сте атлети и поради тоа што имате позитивен поглед кон животот. Кога сте на отворено, вие сте среќни. Единствено може да се разболете ако бидете затворени подолго време.

Најмногу си одговарате со: тигар и куче.

Не си одговарате со: стаорец.

« Назад

Кинески хороскоп » Коза

Коза

Козите во источниот хороскоп се добрите пријатели. Ако сте родени во една од годините на козата, вие сте добро воспитани, со добри манири, но најчесто срамежливи. Знаете да сочувствувате со другите, ги разбирате кога ќе направат грешка и лесно простувате.

Не сте многу дисциплинирани кога се работи за строго определени временски рокови. Потребен ви е некој да ве дисциплинира со цел да го искористи вашиот талент. Обично наоѓате луѓе кои ќе се грижат за вас. Основен недостаток е што не трпите критики и многу лесно се навредувате кога ве критикуваат. Не работите добро под притисок и треба да ви се даде слобода да ги правите задачите со ваше темпо. Не ви се наложува во животот да работите многу напорно. Добрите работи за вас се случуваат природно.

Никогаш не си ги кажувате вашите проблеми и не ги преоптоварувате другите луѓе со нив. Но, оние кои ви се доволно блиски треба да сфатат дека и вие си имате проблеми и дека треба да престанат да ве затрупуваат со нивните.

Го сакате семејството и никогаш не им ги заборавате родендените на членовите, но истото го барате за возврат од нив. Не сакате некој да биде незадоволен од вас, особено не вашите најблиски. Побрзо би заобиколувале некој проблем, отколку да донесете строга одлука.

Премногу трошите и треба да избегнувате работа со пари. Тешко ви е да бидете практични, затоа што сакате да живеете во луксуз. Вие сте елегантни и ја сакате уметноста. Грдите работи ги разгневуваат козите.

Одите по вашиот пат без да користите сила, дури имате таква неподнослива трпеливост која ги полудува другите. Многу е тешко некој да ве изнервира, а тоа е една од вашите најдобри карактеристики. Понекогаш сте нетактични во зборувањето, но вљубени во она што го работите и во она во кое верувате.

Љубов: Вие не сакате да бидете сами. Романтични сте, но лошото е што некогаш го гледате светот преку розови очила. Би дале сè за да имате стабилна, романтична и успешна врска. Вам ви е потребен партнер кој ќе ви помогне да си ја зголемувате самодовербата.

Здравје: Можеби поради тоа што сте многу спокојни вие имаат одлично здравје. Кога сте среќни, сте и здрави, но кога не се среќни, најчесто како резултат на неуспешна врска, лесно се разболувате.

Најмногу си одговарате со: зајак и свиња.

Не си одговарате со: вол.

« Назад

Кинески хороскоп » Мајмун

Мајмун

Ако сте родени во една од годините на мајмунот, вие сте генијалец во источниот хороскоп. Итри, вешти и флексибилни личности кои се интересираат од сите сфери на животот.

Надарени сте со развиена фантазија, нестандардно мислење, па поради тоа вашите идеи се секогаш оригинални. Успевате да ги решите и најзаплетените и најтешките проблеми. Ни една задача не е претешка за вашиот интелект. Никој друг знак не се насладува толку многу на своите постигнувања како вас.

Поради тоа што го постигнувате она што го сакате без многу напор, вие многу лесно губите интерес за работите. Сè во животот сакате да пробате најмалку еднаш. Сакате да ги правите работите во моментот и ако не можете нешто да започнете веднаш, се обесхрабрувате и понекогаш ги оставате проектите незавршени. Мора да научите да си ги завршувате работите кои сте ги започнале.

Околу вас секогаш има голем број на кандидати кои сакаат да бидат ваши пријатели. Но, вие не им верувате на сите. Околу вас си имате создадено само една мала група од пријатели на кои им верувате и кои се многу внимателно избирани. Ако не ви се допаѓа некој, подобро да не ви застанува на патот, па нели вие лесно ги совладувате пречките. Непостојани сте и премногу лесно избувнувате, но вашата смисла за хумор ги компензира сите ваши недостатоци.

Неверојатни стратези сте и сите ваши потези се претходно внимателно испланирани. Знаете да ги заблудите луѓето и најчесто немате финансиски проблеми. Што и да правите, луѓето не можат да ви се налутат затоа што поседувате голем шарм. Но, ако некој проба да ве заблуди, веднаш ќе биде фатен во стапица.

Имате голема желба за наука, а вашата меморија е феноменална, ги помните и најмалите детали од сè што сте виделе, прочитале или слушнале.

Љубов: Треба да внимавате во љубовниот живот, поради тоа што лесно губите интерес за оние кои не можете да ги сметате за еднакви со вас. Знаете умешно да флертувате и може да манипулирате со цел да освоите нечие срце. Со вашиот шарм можете да освоите кој и да било само за неколку секунди. Вие сте сензуални љубовници.

Здравје: Верувате дека лежењето дома болни е само загуба на вреден ден, па затоа многу ретко боледувате. Физичката активност е таа која што ви помага да го одржувате своето здравје. Болестите кај вас најчесто се резултат од нервоза.

Најмногу си одговарате со: змеј и стаорец.

Не си одговарате со: тигар.

« Назад

Кинески хороскоп » Петел

Петел

Ако сте родени во една од годините на петелот, тогаш сте претставник на најексцентричниот знак од кинескиот хороскоп. Имате голем број желби и романтични идеи. Атрактивни сте и горди со себе си, поради тоа што секогаш го постигнувате она што го сакате.

Организирани сте и точни, а вашиот остар поглед ги забележува сите детали. Перфекционисти сте и не оставате простор за човечка грешка, па понекогаш е тешко да се работи со вас. Тешките задачи за вас се предизвик, но имате еден недостаток – премногу се разочарувате при неуспех. Премногу сте амбициозни и се стремите да го достигнете небото. Посветени сте целосно на професијата која сте ја избрале и сте многу креативни. Со кариерата почнувате најчесто од мали нозе и сте компетентни во она што го правите.

Сакате да дискутирате, затоа што можете да зборувате на секоја тема, благодарение на вашата богата општа култура. Ако другите ве предизвикаат, треба да бидат подготвени за една долга дебата. Можете да бидете сигурни дека од дебатата како победник ќе излезете токму вие, поради вашата огромна енергија. Кога другите се исцрпени од зборување, вие имате енергија за дебатирање уште неколку часа.

Добри сте со раководење на финансиите и имате невидена самоконтрола врз вашиот буџет. Не сте скржави, напротив вие сте многу дарежливи. Сакате да имате увид врз сите ваши финансии, но понекогаш и врз финансиите на другите. Ако видите некој од блиските да има финансиски проблеми, вие веднаш знаете како да ги му помогнете да ги организира неговите финансии.

Понекогаш знаете да бидете дури и брутални, поради вашиот директен пристап кон животот, т.е. вие сте мизерни дипломати. Отворени сте, искрени и понекогаш премногу директни.

Љубов: Вам или ви се допаѓа или не ви допаѓа некого, нема средина. Многу сте таинствени кога се во прашање вашите чувства. Се грижите за вашето семејство и блиските исто како што се грижите за себе. Многу барате од својот партнер и често го критикувате.

Здравје: Најчесто се многу активни личности и поради таа нивна активност тие се многу здрави. Кога ќе се разболат многу брзо им поминува. Поради тоа што никогаш не престануваат да работаат понекогаш се наоѓаат во мн стресни периоди.

Најмногу си одговарате со: вол и змија.

Не си одговарате со: зајак.

« Назад

Кинески хороскоп » Куче

Куче

Ако сте родени во една од годините на кучето, тогаш ги поседувате најдобрите карактеристики на човечката природа – лојалност и чесност. Знаете да чувате тајни и поради таа ваша карактеристика, на луѓето им е лесно да ви се доверат. Кога се работи за вашиот приватен живот, вие сте многу мистериозни пред луѓето кои не ги познавате, но отворени пред вашите блиски.

Кога некого сакате вие сте премногу заштитнички настроени, па вашите блиски се чувствуваат сигурно во ваша близина. Имате силна желба за фер игра и за правдина, големи хуманитарци сте и страдате кога светот страда.

Вашите основни недостатоци се себичноста и тврдоглавоста. Кога еднаш ќе ги процените луѓето, ништо не може да го промени вашето мислење. За вас нема средина – светот е или бел или црн. Луѓето или ви се пријатели или непријатели. Среќа што добро знаете да ги процените луѓето и да проникнете длабоко во човечката природа. Кога еднаш ќе стекнете доверба во некого, тој останува засекогаш во вашето срце.

Не сте материјалисти и не се грижите многу за парите, макар што најчесто немате финансиски проблеми. Кога се бара од вас вие можете да работите долго и напорно, но за разлика од другите знаци вие знаете кога е време за одмор и знаете како да се релаксирате и уживате во вашиот дом со вашите љубени. Домот и фамилијата се на прво место и би работеле со часови само за да ги видите среќни.

Имате одлична смисла за хумор и брзи емоции. Ако некој ве навреди, веднаш знаете да им вратите како експерт. Но, колку што брзо враќате, толку брзо ја заборавате нивната навреда.

Интелигентни сте и балансирани, имате стабилен ум што ве прави добри советници и психолози. Добри лидери сте и имате одлична способност за справување со кризни ситуации. Вие сте добри дипломати и знаете да ги скриете предрасудите за другите луѓе.

Љубов: Вие сте чувствителни партнери и знаете како да го подржувате својот сакан. Повеќето луѓе сакаат токму вие да им бидете сериозен партнер, затоа што сте одличен цимер.

Здравје: Најчесто сте во добра здравствена состојба, но кога не сте, веднаш можете да го препознаете тоа, поради тоа што сте тажни и депресивни. Жилави сте и дури и ако страдате од тешка болест, вие сте многу издржливи.

Најмногу си одговарате со: коњ и тигар.

Не си одговарате со: змеј.

« Назад

Кинески хороскоп » Свиња

Свиња

Ако сте родени во една од годините на свињата, вие сте многу храбри и понекогаш се однесувате како рицари. Што и да правите, го правите со целата своја сила и никогаш не се откажувате. Имате силен дух и многу сте чесни. Работите многу напорно и ја трошите целата ваша енергија на работа. Животот ви подарил доволно средства за да живеете нормално. Дури и ако изгубите сè, вие брзо можете да се соземате.

Вие сте интелектуалци и имате голема желба за напредок и за стекнување на нови знаења. Не зборувате многу, но сте информирани речиси за секоја тема. Мразите расправии и кавги и поради тоа не влегувате во дебати.

Основниот ваш недостаток е тоа што сте многу наивни, па луѓето околу вас лесно можат да ве манипулираат. Поради тоа немате многу пријатели, но оние кои ги имате ви се за до крајот на животот. Вашите пријатели треба да се горди што имаат пријател како вас, поради тоа што сте екстремно лојални. Ги сакате местата каде што има многу луѓе.

Секогаш имате време за да ги ислушате проблемите на другите луѓе и не се плашите од тоа дали ќе бидете вовлечени во нив. Имате големо срце и сакате да им помагате на бедните, па често сте поврзани со некакви фондации.

Не е тешко да ви се верува, затоа што зрачите со доверба и искреност. Имате една голема дарба – толку сте смирени што секоја задача, дури и оние најдосадните, можете да ги работите ладнокрвно сè додека не ги завршите. Поради тоа е лесно да се работи со вас.

Љубов: Вие сте многу страсни партнери и сакате изблици на љубов. Грижливи сте кон вашиот сакан и кога еднаш ќе си изберете партнер, вие сакате со него да го поминете цел живот.

Здравје: Во потрага по забава си дозволувате повеќе отколку што треба. Прекумерното јадење и пиење, како и пушењето, може да предизвикаат многу болести. Не сте многу активни, па заедно со прекумерното јадење може да страдате од прекумерна тежина. Социјални личности сте, па осаменоста може да ве направи депресивни. Препорачливо е да се насочите кон поздрав живот.

Најмногу си одговарате со: зајак и коза.

Не си одговарате со: змија.

« Назад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.