Кели Кларксон е неутешна по смртта на нејзиниот поранешен сопруг Брендон Блексток, кој е и татко на нејзините две деца.
Вчера, пејачката преку порака на Instagram ги одложи своите концерти во Лас Вегас и објасни дека таткото на нејзините деца е болен и дека треба да биде покрај нив. За жал, Брендон на 48-годишна возраст ја изгуби битката со ракот, која ја водеше тајно три години.



„Со длабока тага ја соопштуваме веста дека Брендон Блексток почина. Брендон храбро се бореше со ракот повеќе од три години. Тој почина мирно и беше опкружен со семејството. Ви благодариме за вашите молитви и пораки и сите ги замолуваме да ја почитуваат приватноста на семејството во ова тешко време“ – стои во изјавата на претставник на семејството.
Извор близок до Кларксон за People изјави дека таа била скршена од болка поради нејзините деца.
„Кога дозна дека тој е болен, Кели остана заштитнички расположена за нивно добро. Кели секогаш се обидуваше да ги среди работите со класа. Оваа година стана јасно дека Брендон не е добро. Скршена е од болка поради децата“ – рекол изворот.

TMZ објави дека Блексток имал меланом.
Кели и Брендон беа во брак од 2013 до 2020 година и се родители на 11-годишната ќерка Ривер и 9-годишниот син Ремингтон. Тој има уште две деца од претходен брак. Неговата ќерка Савана во моментов го очекува своето второ дете.


