• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Зошто постојано ја фотографирам ќерка ми? Бидејќи сакам да...“

4 ноември 2015, 12:30
  • cподели

Колку фотографии имате од вашите деца?

Мајка на ќеркичка ќе ве убеди почесто да го земате фотоапаратот в рака и да го насочувате објективот кон своите малечки. Џен Арата се нарекува себеси „мамараци“ поради својата опсесија да ја фотографира ќерка си и отворено признава дека е пресреќна кога ги овековечува минливите моменти од животот на своето едно и пол годишно дете.

Во свој хит текст таа објаснува зошто постојано ја фотографира ќерка си. Прочитајте го:

Мајка и ќерка

Фотографиите се за мене, но и за неа. Знаете, јас бев таму. Јас ќе имам спомени и приказни за кажување... Но, не можам да ветам дека јасно ќе се сеќавам на сè во иднина и искрено, јас нема секогаш да бидам таму за да ги споделам нештата на кои се сеќавам.

Па, зошто правам толку многу фотографии од ќерка ми, спонтани и планирани? Фотографиите се мој подарок за неа.

Сакам таа да си ја види радоста на лицето кога галеше животни, изразот на лицето кога дуваше бакнежи во воздухот или се смееше со штрбава насмевка, намуртеното лице кога нешто не беше по нејзино, разбушавената коса по будењето, образите размачкани со сос по копањето во чинијата со тестенини.

Сакам да го знае моментот кога првпат научи да фаќа со прстите како пинцета, кога едвај можеше да земе корнфлекс (кој јас внимателно го сечев на третини за да не се задави), кога го скрши на парчиња својот „мобилен телефон“ додека никој не ја гледаше и кога по своја желба го гушкаше дедо си за ногата.

Сакам да ја почувствува љубовта која ја имав во срцето кога за првпат ми ја ставија на градите и тие слатки први недели кога беше завиена во пелена пред да се ослободи од повојот.

Сакам да се кикоти со мене кога ќе се види себеси прекриена со чкртаници од мојот кармин кој таа го пронајде на задното седиште на автомобилот додека возев и како нејзините буцкасти мали стапала чекореа во истите црвени штикли кои мама ги носеше до олтарот кога се омажи за тато.

Сакам двете да гледаме со зачуденост на нејзиното растење преку неделните фотографии: минијатурно топчесто новороденче седи во огромно столче, кое навидум се смалуваше како што таа почнуваше да се качува и да ги става нумерираните коцки в уста.

Сакам да знае за времето кога беше задоволна со стикер и кутија мрсни боички, кога не сакаше да оди никаде без својата кукла и кога избирањето на тиква беше најубавиот дел од нејзиниот ден.

Кога ќе порасне, сакам да ѝ го покажам киселото муртење кое го направи кога за првпат вкуси брокула, насмевката од задоволство кога првпат лижна сладолед и нејзиниот горд израз кога за првпат го искористи нокширот и доби бонбони како награда.

Кога ќе ме надрасне во висина, сакам да ѝ покажам дека некогаш се поткреваше на прсти за да ја стигне кваката од вратата.

Кога ќе трча низ животот од една обврска на друга, сакам да ја потсетам на деновите кога за првпат пролази, прооди и започна да трча.

Кога ќе добие возачка дозвола, сакам да види колку внесена беше додека го управуваше својот шарен пластичен автомобил или кога за првпат возеше велосипед.

Мајка и ќерка

Кога ќе ѝ падне заб, сакам да ја потсетам на првиот пат кога ги миеше тие бисерно бели заби со розова четка. Кога ќе си ја прави косата за матурската вечер, сакам да се сети како седеше во мојот скут во фризерскиот салон додека ѝ ги потстрижуваа шишките.

Сакам да се наврати на семејните патувања, летата на плажа, рачно изработените костими за Халовин, пробите за приредби, различните училишта кои ги посетуваше и пријателствата кои ги склопи притоа.

Сакам да ја види куќата во којашто ја донесовме од болница пред да се преселиме во нова, собата во којашто порасна и новите играчки со коишто си играше кои во иднина ќе станат винтиџ. Сакам да може да го анализира своето растење и воспитување доколку еден ден реши да има свои деца.

Најмногу од сè, сакам да почувствува макар и трошка од гордоста и радоста кои јас ги чувствував додека ја гледав како расте. Бидејќи во иднина, за денешниот ден ќе велиме „Се сеќаваш кога...“, а кога имаш фотографија во раката, голема е веројатност дека ќе можам да кажам: „Да, се сеќавам“.

Мајка и ќерка

Иако знам дека никогаш нема да можам го замрзнам времето, барем со сигурност можам да го урамам.

Tags
мајка
фотографии

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.