• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Бебе

Зошто плачат бебињата и како да ги смирите

10 октомври 2009, 18:31
  • cподели
Бебе што плачеПреку плачењето бебињата комуницираат со вас.

Сите бебиња плачат. Дури и ако е потполно здраво, вашето новороденче ќе плаче од 1-3 часа секој ден. Бебињата не се способни да прават ништо сами, па затоа вие треба да му обезбедите сè за да им биде удобно.

Плачењето е начин на комуникација на бебето, за да ви каже дека нешто му е потребно. Еве ги најчестите причини поради кои може да плаче вашето бебенце:

  1. Чувствува глад. Гладот е најчестата причина, поради која плачат бебињата. Ако изминале 3-4 часа од последниот пат кога бебето доело, плачењето е резултат на гладот. Вашето бебенце веднаш ќе се смири кога ќе го вкуси мајчиното млеко или кога ќе му дадете цуцла.
  2. Не му е удобно. Бебињата се многу чувствителни ако нивните алишта им се тесни или ако им се водени пелените. На некои не им смета ако им се „полни“ пелените, затоа што им држи топло. Но, некои бебиња едноставно не можат да поднесат водени пелени, особено ако им е иритирана кожата. Проверувајте му ги пелените редовно и веднаш сменете ги ако се водени. Така ќе го спречите плачењето на бебето.
  3. Сака да го земете во рацете. Ако веќе сте го нахраниле и сте му ги смениле пелените, а вашето бебенце сè уште плаче, најверојатно сака да биде блиску до вас и да го земете во раце. На бебињата многу често им е потребен близок физички контакт, за да се чувствуваат удобно и безбедно.
  4. Уморно е. Бебињата стануваат многу раздразнителни кога се уморни. Воспоставете рутина. Додека се многу мали новороденчињата треба да спијат на секои 4 часа. Па ако поминало тоа време, однесете го бебето на мирно и тивко место за да спие, дури и ако не изгледа уморно. Во спротивно може да започне да плаче и ќе ви е тешко да го смирите.
  5. Има колика. Ако вашето бебе плаче регуларно и необјаснливо и тоа плачење трае најмалку три часа дневно, во текот на најмалку 3 дена во неделата, тоа значи дека има колики. Кога има колики бебето силно плаче, има зацрвенето лице и ги свиткува нозете кон стомачето. Нема магичен лек за колики, но оваа појава најчесто не трае подолго од 3 месеци. Навистина е многу иритирачко, но треба да го надминете овој период. Обично кога бебето има колики, ништо не помага за да се смири.
Tags
бебе
грижа за бебето
плачење на бебето

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.