• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Проблеми во врската

Зошто мажите се плашат од обврзување?

9 септември 2009, 23:57
  • cподели

За многу мажи самата помисла за обврзување со една жена е доволна за да исчезнат веднаш. Мажите ја сакаат својата слобода.

Страв од обврзување
Загубата на слобода и лично пространство може да биде причина за стравот од обврзување кај мажите.

Што го предизвикува стравот од обврзување кај мажите? Еве некои од причините:

  1. Загуба на слободата. Кога ќе се обврзете со некого, губите дел од вашата слобода. Веќе не треба да мислите само и единствено за себе си. Мажите ги преплашува таа помисла. Тие сакаат да донесуваат свои одлуки и да го живеат животот по свои правила.
  2. Загуба на лично пространство. Некои луѓе се однесуваат многу заштитнички, кога станува збор за нивното лично пространство. Мажите се плашат од тоа да бидат опкружени со женски работи, да ја изгубат контролата над телевизорот и нивното „машко“ пространство да биде преземено од цветни слики и женски козметички производи.
  3. Моногамија. Денес на мажите им е тешко да одржуваат моногамна врска. Тие се плашат дури и од самата помисла дека ќе бидат само со една жена до крајот на животот, а кога ќе го искусат тоа се чувствуваат заробени.
  4. Довербата. Ако мислите дека само ние жените имаме проблеми со довербата – грешите. Мажите многу често се плашат дека ќе бидат изневерени од својата партнерка, ако се во сериозна врска. Тоа особено важи доколку имате врска од растојание.
  5. Лошо искуство. Ако тој бил многу повреден од неговата претходна љубов, ќе се плаши да не му се повтори тоа. Нормално е тој да се плаши да изгради сериозна врска пребрзо. Потребно ќе му е време да добие повторно доверба во љубовните врски.
  6. Недораснатост. Сите луѓе созреваат со различна брзина. Некои луѓе стануваат посериозни и сакаат да се обврзат дури кон крајот на своите триесетти години. Тие живеат со помислата дека треба да го „изживеат“ животот до максимум, пред да се обврзат сериозно.
  7. Емоционалниот притисок. Голем дел од жените, сакаат да се обврзат што побрзо. Постојаниот притисок кој некои жени го прават врз мажите, за побрзо стапување во брак, има спротивен ефект. Мажите сакаат контролата да е во нивните раце и нивните одлуки да не се пребрзани.

Сега кога веќе знаете од што се плашат мажите, не ги влошувајте работите со тоа што ќе се обидувате постојано да го врзете за вас. Ако тој не е спремен за сериозна врска, дајте му време. Брзањето може само да ги зголеми вашите проблеми.

Tags
врска
врски
обврзување
сериозна врска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.