• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Зои Блаж пресреќна: Доктор ѝ кажал дека никогаш нема да биде мајка, сега го прослави првиот роденден на ќеркичката

12 мај 2026, 10:37
  • cподели

Зои Блаж и словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ го прославија првиот роденден на ќеркичката Мариа.

Македонската блогерка Зорица, попозната како Зои Блаж, со емотивна порака и слатки фотографии го одбележа овој посебен ден. Со срце полно љубов и благодарност, таа ѝ го честиташе роденденот на својата малечка, која ја нарекува свое „чудо“, бидејќи ја добила откако докторите ѝ кажале дека никогаш нема да стане мајка.

Еве ја нејзината објава:

Ќерко моја мила,

Денес го славиме твојот прв роденден – една година откако го осветли мојот свет. Пред да дојдеш ти, не знаев колку љубов може да собере едно срце. Ти ме научи што значи вистинска, безусловна љубов.

Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Ти благодарам што ме научи како се сака со цело срце, како се радува на мали нешта и како секој ден да има нова смисла. Со тебе научив дека најубавата титула на светот е – мајка.

Нека твојот живот биде исполнет со насмевки, здравје, љубов и среќа. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе – твоја поддршка, твоја прегратка и твој најголем навивач.

Среќен прв роденден, мое мало девојче.
Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да кажат. 💖

Твојата мама 🥹🤍

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

Пред да ја добие Мариа, таа се соочувала со хормонален дисбаланс и екстремно зголемен пролактин, а ѝ бил откриен и тумор на хипофизата.

„Со овие резултати никогаш нема да бидеш мајка… Јас се срушив скроз“ – откри таа во интервју за Stars Show, присетувајќи се на тежок период од животот.

Сепак, таа никогаш не се откажала.

„Многу се посветив на Бога, почнав да се молам и да верувам во него. Благодарение на Господ и на вербата во него, ние денес ја имаме Мариа“ – раскажала Зои.

Денес, својата приказна ја споделува јавно за да им даде надеж и сила на други парови кои се соочуваат со слични предизвици.

„Го добив она што отсекогаш сум го сакала и за кое сум сонувала цел живот. Кога најмалку очекувавме, чудото ни дојде“ – изјавила таа во интервју за Hype TV.

Зои и Тадеј стапија во брак на 9 јули 2022 година, по шест години љубовна врска, а нивната ќеркичка Марија се роди на 12 мај 2025 година. Денес, една година подоцна, нивниот дом е исполнет со уште повеќе љубов, смеа и причини за славење.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

Tags
Зои Блаж

Најнови

  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Хајди Клум шармираше во креација од Ели Сааб на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 10:26
  • Извонредна и на 92 години! Џоан Колинс гламурозна дама на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.