„Злобницата“ Габриела Спаниќ денес има 45 години, фановите разочарани од промените на нејзиното лице
Се сеќавате на серијата „Злобница“ (La Usurpadora)? Популарната теленовела пред околу две децении се емитуваше на малите екрани, а главните ликови ги глумеа актерите Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга.
Спаниќ имаше двојна улога и во серијата се појави како Паола и Паулина, две жени кои наликуваа една на друга и во одреден период си ги заменија своите животи.
Венецуелската актерка денес има 45 години и го одржува своето тело во фит форма, но нејзините фанови се разочарани поради промените на своето лице, кои се претпоставува дека се резултат на естетски корекции.
Спаниќ има 10-годишен син со актерот Мигел де Леон, од кого се разведе во 2002 година.
Во приватниот живот, Габриела има сестра близначка, која се вика Даниела.