За Габриела Спаниќ годините се само бројка.
Славната актерка од серијата „Злобница“, во која ја имаше двојната улога на сестрите Паола и Паулина, изгледа фантастично и во шестата деценија од животот.
Спаниќ моментално работи на снимањето на мини серија, а на социјалните мрежи се пофали со најновиот проект објавувајќи фотографии од сетот.
На нив, Габриела позира во атрактивна креација која ги истакна нејзините облини.
„Беше неверојатно да се снима Nido de Villanas („Гнездо на злобници“), микроновела... Сѐ беше снимено со iPhone 17 Pro. Секоја сцена беше можност да се покаже дека една одлична приказна може да се раскаже и со вонредна алатка“ - напиша таа.
Пред неколку дена, Спаниќ сподели фотографии и во црвен аутфит.
Минатиот месец, Спаниќ објави видео од нејзиното гостување во емисија на Pink, при посетата на Србија пред многу години. Таа сподели дека тој момент го носи длабоко во срцето.
Сеќавање кое го носам во срцето.
Откако Балканот мина низ многу тешки времиња, ја имав честа да ја посетам Србија и да пеам за војниците и луѓето кои се обидуваа повторно да се насмевнат. Силата, надежта и опкруженоста со љубов што ги добив, никогаш не ги заборавив.
Животот ме однесе во многу земји, но има моменти кои остануваат засекогаш во душата. Денес се сеќавам на нив со благодарност.