• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Злато за Мама: 9-годишно момче од Србија стана шампион 2 месеца по смртта на мајка му, победата ѝ ја посвети нејзе

18 февруари 2026, 10:40
  • cподели

Момче од Србија стана шампион само два месеци откако ја изгуби мајка си.

9-годишниот Богдан Обрадовиќ од Лозница не ја трогна само својата земја, туку и целиот Балкан, кога победата ѝ ја посвети на мајка си Наташа која тој „верува дека го бодрела од некое друго место“.

Богдан успеа да освои златен медал во бразилско џиу-џицу на Европското првенство одржано во Белград во конкуренција на најдобрите аматерски борци. Ова натпреварување за него имаше посебна тежина, бидејќи беше прво без мајка му да биде присутна во публиката. 

На победничкиот подиум, малиот шампион носеше маица со нивна заедничка фотографија и натпис: „Мамин шампион“, изненадување кое му го подготвил татко му. Со злато на вратот, Богдан покажа кон небото и ѝ го посвети медалот на жената која го научила што значи да се биде храбар и истраен.

@aleksa_vr6 Bogdan Obradović, mališan koji ima samo devet godina, već je ostvario najveću pobedu u karijeri.Bogdan je u subotu postao šampion Evrope, Afrike i Bliskog istoka iz brazilske džijudžice. Majka mu je preminula 30. decembra prošle godine i ovo mu je bilo prvo takmičenje bez nje, a zlatnu medalju posvetio je njoj. #srbija #video #fyp #viral ♬ Originalton - BLKN✖️TRBZ

Медалот ѝ го посветив на мама. Беше тешко без неа, бидејќи не ме бодреше од публиката, но верувам дека ме бодреше од некое друго место – рече победникот за српскиот Курир.

За фактот дека со својот гест ја расплака цела Србија, Богдан рече: 

Видов многу коментари и објави. Ми беше жал што ја расплакав цела Србија со мојот гест. Мама многу ми недостига, но силата ја најдов во верата дека секогаш е покрај мене. Редовно тренирав, се посветив на работата и се откажав од нездрава храна.

Неговиот татко признал дека од возбуда не можел ни да ја гледа борбата, туку чекорел нервозно додека не слушнал дека син му победил. 

Кога дознав дека победил и го видов како трча кон мене расплакан, ме преплавија емоции. Првпат во животот ми се измешаа радост и тага во исто време. Тоа чувство беше неописливо и мислам дека никогаш нема да го заборавам. Кога го прегрнав и му ја дадов маицата да ја облече, тоа беше посебен момент – рече тој.

Само еден ден по освојувањето на европската титула, Богдан го прославил својот 9-ти роденден.

Дури и Цеца му честиташе на малиот шампион за успехот.

„Златниот медал сјае, но посилно сјае љубовта во твоето срце. Браво. Мал шампионе, таа сила не се учи, таа се носи во душата“ – напиша популарната пејачка.

Tags
Богдан Обрадовиќ
емотивно

Најнови

  • „Ти си моето срце што чука надвор од мене“: Весна Петрушевска со емотивна порака за ќерката Мина

    Wed, 02/18/2026 - 11:57
  • Злато за Мама: 9-годишно момче од Србија стана шампион 2 месеца по смртта на мајка му, победата ѝ ја посвети нејзе

    Wed, 02/18/2026 - 10:40
  • Тропска бајка на Св. Валентин: Парис Хилтон и Картер Реум си ги обновија заветите покрај нивните мали дечиња

    Wed, 02/18/2026 - 09:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.