Тропска бајка на Св. Валентин: Парис Хилтон и Картер Реум си ги обновија заветите покрај нивните мали дечиња
Парис Хилтон и Картер Реум повторно се заколнаа на вечна љубов и верност, овој пат на плажите на Туркс и Кајкос на самиот Ден на вљубените.
45-годишната ѕвезда сподели фотографии од моментот кога 45-годишниот бизнисмен клекна на едно колено и ја запроси по вторпат. Но, овој пат моментот имал уште подлабоко значење.
Наместо само како сопруг и сопруга, тие стоеле еден до друг како мама и тато, додека нивните деца 3-годишниот Феникс и 2-годишната Лондон биле сведоци на обновувањето на заветите.
Пет години подоцна… и сè уште ми го забрзува срцето 🥹💍
На Денот на вљубените, во тиркизните води на Туркс и Кајкос — само неколку дена пред мојот роденден — мојот вечен Валентин повторно ми предложи брак, а јас повторно кажав ДА.
Но, овој пат не бевме само сопруг и сопруга. Бевме мама и тато. Феникс и Лондон ја гледаа љубовта која ги создаде 💖
Обновувањето на брачните завети не е само прослава на пет прекрасни години — туку начин да им покажеме на нашите бебиња дека љубовта расте, се продлабочува и се избира одново и одново.
Пет години зад нас. Цела вечност пред нас.
Вечноста никогаш нема да биде доволно долга со тебе, Картер.
За свеченоста, Парис носеше бел фустан со впечатливи сребрени ракавици, додека Картер се одлучи за елегантен бел костум. На видеата се гледа како нивниот син помага при ставањето на прстенот.
Парот првпат се венча во ноември 2021 година. Нивните деца се родени со помош на сурогат-мајка.
