• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Златна камера 300“ за Лукаш Жал: Со филмски спектакл заврши 47. издание на „Браќа Манаки“

26 септември 2026, 11:43
  • cподели

Во Битола заврши 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со свечено затворање исполнето со филм, уметност и спектакуларен 3D видео-мапинг.

Центарот за култура синоќа беше претворен во вистинско аудиовизуелно платно, а архитектурата на сцената оживеа преку впечатлив видео-мапинг со кој беше ставен крај на уште едно фестивалско издание.

Во изминатите седум дена, публиката имаше можност да проследи голем број филмови, мастер-класови и работилници, а фестивалот и оваа година собра големи имиња од светската кинематографија.

Еден од нив беше оскаровецот Воли Фистер, кој годинава беше претседател на жирито во официјалната селекција за „Камера 300“.

„Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот 'Браќа Манаки' во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде сè се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви“ – рече Фистер.

Главната награда, „Златна камера 300“, му припадна на Лукаш Жал за филмот „Татковина“ на режисерот Павел Павликовски.

„Сребрена камера 300“ доби Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“, додека „Бронзена камера 300“ му припадна на Пол Спенгеман за филмот „До крајот на денот“.

Од наградените кинематографери, во Битола присуствуваше Лианг, додека Жал и Спенгеман се обратија преку видео пораки.

„Ова е првпат да учествувам на ‘Браќа Манаки’ и прекрасно си поминав. Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград кои сè уште се борат на улиците низ Србија“ – порача Спенгеман.

Лианг истакна дека иако неговиот филм доаѓа од Кина, приказната е универзална, а особено се заблагодари на целата екипа, како и на сопругата, која е режисерка на филмот.

„Му благодарам на фестивалот ‘Браќа Манаки’ што изминативе седум дена имав неповторлива можност да се сретнам со мои идоли од светската кинематографија, да разговарам со нив и да се фотографирам“ – рече тој.

Лукаш, кој не можеше да присуствува поради работа на друг проект, во својата видео-порака призна дека е изненаден и почестен од наградата.

„Изненаден сум, почестен и жалам што не сум таму со вас. Му благодарам на жирито и на фестивалот“ – порача Жал.

На присутните на свеченото затворање им се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека во изминативе седум дена се случи љубов, почит, забава... 

„Гледавме филмови, ги учевме децата да го сакаат филмот, гледавме мастеркласови, работилници, огромен број кинематографери.“

„Навистина сум многу горд и среќен сум што ова издание многумина од нас ќе го паметат цел живот. Имам многу идеи и мојот тим се потруди тоа да го реализира. Да живее „Браќа Манаки“ со многу љубов и многу почит“ – рече Доксевски, заблагодарувајќи се на тимот и на публиката.

Награди беа доделени и во студентската, краткометражната и документарната програма.

„Кристална камера 300“ за студентската камера ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“, додека „Мала златна камера 300“ му припадна на Хулијан Амару Естрада за „Никој не го познава светот“.

Во документарната програма, „Железна камера 300“ им беше доделена на двајца кинематографери – Бенџамин Ечазарета за „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“.

Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“.

Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk

Tags
Лукаш Жал
Браќа Манаки 2026

Најнови

  • Црвениот тепих на „Браќа Манаки“: Стилот на гостите од завршната вечер на Фестивалот

    Sat, 09/26/2026 - 14:33
  • Актерот Гораст Цветковски со сопругата Елена на отворањето и затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

    Sat, 09/26/2026 - 11:56
  • „Златна камера 300“ за Лукаш Жал: Со филмски спектакл заврши 47. издание на „Браќа Манаки“

    Sat, 09/26/2026 - 11:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.