Актерот Гораст Цветковски со сопругата Елена на отворањето и затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола
Гораст Цветковски со гордост присуствуваше на затворањето на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на кое беше прикажан филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“, во кој има своја улога.
Македонскиот актер беше придружуван од сопругата Елена со која заедно позираа на црвениот тепих пред Центарот за култура во Битола.
Парот беше дел и од отворањето на Филмскиот фестивал. За оваа пригода, Елена избра фустан во тегет нијанса, додека Гораст носеше црн костум и во рацете држеше скирол, во чест на филмот кој се прикажуваше, „Скејтбордингот не е за девојчиња“.
Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk