• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Златна бубамара за животно дело за легендата Драган Мијалковски

13 февруари 2024, 10:37
  • cподели

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски.

Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.

Драган Мијалковски

Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје....

Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с.

Драган Мијалковски Драган Мијалковски

Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.

Драган Мијалковски

27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“.

Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија.

Драган Мијалковски

Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.