• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Златан Ибрахимовиќ го покажа мускулестото тело на плажа со саканата Хелена

5 јануари 2023, 11:59
  • cподели

Златан Ибрахимовиќ е на заслужен семеен одмор во САД.

41-годишниот фудбалер на ФК Милан беше фотографиран на плажа во Мајами, каде беше со партнерката Хелена Сегер. Шведскиот спортист го покажа мускулестото тело кое му овозможува да се натпреварува на највисоко ниво и во петтата деценија од животот.

Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ

52-годишната бизнисменка носеше фармерки и црна маица додека чекореше покрај него разговарајќи на телефон. Заедно со нив беа и нивните синови Максимилијан и Винсент.

Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ

Златан и Хелена имаат интересна љубовна приказна. Иако многумина сметаат дека таа е со него поради славата и парите, тоа воопшто не е така. Уште пред да се запознаат, Хелена беше успешна бизнисменка, а денес нејзиното богатство е проценето на 190 милиони долари.

Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ

Парот се запозна сосема случајно пред 20 години во Малме. Тој имаше 21 година, а таа 32.

„Го остави своето Ферари лошо паркирано во Малме и го блокираше мојот Мерцедес. Не бев расположена и ми се развикав да го мрдне автомобилот. Му реков веднаш да го тргне автомобилот и тој виде нешто што му се допадна“ – рекла таа за моментот кога се запознаа.

И покрај тоа што се заедно 20 години и имаат две деца, тие не се во брак.

„И јас имам важно минато. Стојам до Златан, но ја изградив мојата кариера со многу жртви. Не сакам да се омажам, бидејќи сакам да бидам независна и не сакам да ме етикетираат како жената на фудбалерот. За мене и вака е тешко, луѓето не знаат колку многу учев, работев и се борев“ – рекла таа во интервју.

Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ Златан Ибрахимовиќ
Tags
Златан Ибрахимовиќ

Најнови

  • Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ на Бали

    Романтична идила: Никола Роквиќ со сопругата на егзотичен одмор на Бали без децата

    Tue, 02/10/2026 - 13:54
  • Бремената актерка Емилија Мицевска за последен пат ја изигра „Фамилијата Адамс“: „Морам да се посветам на најважната улога на светот“

    Tue, 02/10/2026 - 13:42
  • Холандската убавица Јута Лердам освои олимписко злато, вереникот Џејк Пол прсна во солзи

    Tue, 02/10/2026 - 13:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.