Живот со стил: Елена Најдоски во атрактивни стајлинзи на луксузно патување со сопругот во Италија
Патувањата и модата се најголема пасија на Елена Најдоски.
Водителката од „Живот со стил“ и нејзиниот сопруг Бојан продолжуваат со истражување на светот, а нивната најнова дестинација е магичните Полињано а Маре и Алберобело.
Од фотографиите на Instagram, кои зрачат со романтика и „la dolce vita“ енергија, невозможно е да не се забележат нејзините атрактивни стајлинзи кои совршено се вклопуваат во медитеранскиот амбиент.