• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Зимска уметност на излози низ Скопје: Данче Ефтимова создава новогодишна магија на стакло

10 декември 2025, 11:28
  • cподели

Данче Ефтимова креира магични дела на стакло кои се мали празнични приказни, во време кога на луѓето најмногу им се потребни радост и шаренило.

Со својата техника и чувствителност, талентираната девојка успева да ја внесе магијата на зимата таму каде што најмногу недостига – во урбаното секојдневие. Преку нејзините рачно насликани новогодишни мотиви на стаклени излози, кои им даваат душа на кафулињата и продавниците низ Скопје, го стоплува погледот на минувачите дури и во најстудените зимски мигови.

За Фемина, оваа инспиративна уметница раскажува како започнала приказната за празничната магија, колку труд и студ се крие зад секој еден мотив, што најмногу ја инспирира, но и како изгледа моментот кога нејзината зимска уметност се брише по празниците.

Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова

Осум години празнична магија на стакло

Данче вели дека првите чекори ги направила сосема природно, без големи планови.

„Првите новогодишни сликања ми беа пред осум години, но претежно во приватни домови, додека за многу брзо време почнав и со изработки за локали.“

Со текот на времето интересот експлодирал и денес, не може ниту да изброи колку излози има разубавено.

„Воопшто не знам, но од година за година бројката стана баш голема, за жал и не успевам сите да ги документирам. Условите за работа се доста сурови, ладно време, дожд, гужва од луѓе, со што некогаш и често се случува да не се успее да се стигне секаде.“

Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова

Оригинална техника и секој излог како ново платно

Иако многумина имаат свој „омилен“ излог, за неа секое ново стакло е нов предизвик и ново мини-уметничко дело.

„Новогодишните излози коишто јас ги работам се моја оригинална техника, која ја имам развиено во текот на годиниве. Елементите коишто ги користам се секаде исти, но зависно од просторот, адаптирани да секаде изгледаат различно, така што секое следно ми е лично омилено и ново искуство.“

Сигурно би се запрашале колку време треба за да се направи едно вакво дело. Температурата, дождот, локацијата – сето тоа има улога.

„Зависно од условите, но доколку се работи голема површина во слободен простор, изработката не трае повеќе од пет часа. Но, знае и да трпи чекање, доколку е дождливо или мајсторот – јас – настине 🙂 што е доста стресно и непријатно, но е нормален дел од ваквата сезонска ‘акција’“ - открива Данче.

Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова

Клиентите и нивните желби знаат понекогаш да бидат нереални, но секогаш се инспиративни.

„Сликањето на стакло бара доста слободна и истренирана рака за да изгледа совршено од секој агол, проценка од каде доаѓа дневна, а од каде вештачка светлина и дали мотивот изгледа примамливо од секој агол, бидејќи кога се работи на стакло, делото е на дофат на око од 360 степени што не е случај со муралите“ – објаснува Ефтимова.

Иако работела на многу локации, сепак има тип на простор што секогаш ѝ предизвикува посебна возбуда.

„Омилени ми се големите и широки застаклени простори, ми даваат поголема слобода и можност да се изразам максимално, особено кога се на удар на сончева светлина што уште толку го открива секое деталче на мотивот.“

Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова
Уметност на Данче Ефтимова

Но, што по празниците?

На прашањето дали ѝ е жал кога излозите се бришат, изненадувачки нејзиниот одговор е негативен.

„Често клиентите кои првпат ме ангажираат се плашат за деликатноста на вадењето, за кое исто има доста лесна техника, па најчесто сум среќна, бидејќи и целта на тие изработки е да бидат сезонски 🙂. Убавата работа е што моите мотиви се повеќе зимски отколку новогодишни, па преживуваат и до февруари“ – заклучува таа.

Уметност на Данче Ефтимова

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Данче Ефтимова
уметност

Најнови

  • Торта со крилја и сликарска палета, љубов од семејството... Инспиративната Србинка родена без раце наполни 31 година

    Wed, 12/10/2025 - 12:22
  • Креации на Ателје Соња и Марија

    Вечна елеганција: Нова колекција фустани од Ателје Соња и Марија за жените кои сакаат да се чувствуваат посебно

    Wed, 12/10/2025 - 12:13
  • Уметност на Данче Ефтимова

    Зимска уметност на излози низ Скопје: Данче Ефтимова создава новогодишна магија на стакло

    Wed, 12/10/2025 - 11:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.