Шарлиз Терон периодов е фокусирана на промоција на својот најнов филмски проект „The Odyssey“.
На премиерата во Њујорк, 50-годишната актерка изгледаше фантастично во бела креација од Диор со длабоко деколте која ги истакна нејзините тонирани нозе.
Холивудската ѕвезда на настанот пристигна со двете ќерки. На Instagram Story таа објави фотографија од 12-годишната Огуст и 14-годишната Џексон, која ја посвои како момче.
Шарлиз го претстави Џексон пред светот како свој син кога го посвои во март 2012 година. Три години подоцна, таа ја посвои и Огуст.
Откако со години Џексон се облекуваше во фустанчиња, Шарлиз сподели дека го прифати како девојче откако на 3-годишна возраст ѝ рекло дека не се чувствува како момче.
„Да, и јас мислев дека е момче. До моментот кога таа ме погледна кога имаше 3 години и ми рече: Не сум момче!“ - рекла таа во интервју за DailyMail.
