Нина Бадриќ беше специјална гостинка на престижниот настан „Story Hall of Fame“ во Загреб, кој годинава се одржа во кабаре-стил.
На свеченоста, 53-годишната хрватска поп ѕвезда со гордост се закити со наградата „Хит на годината“ за нејзиниот сингл „Alive“.
За манифестацијата, талентираната пејачка избра моќен стајлинг со кадифен костум и црна машна, а за да внесе гламурозна нота во својот изглед, Бадриќ додаде светкави обетки во форма на морска ѕвезда и блескава чантичка.
Шармантната музичка дива објави фотографии од црвениот тепих на социјалните мрежи и напиша: „Да можев и сама да изберам која награда би сакала да ја однесам дома, тоа ќе беше токму оваа за песната „Alive“! Оваа песна за мене има посебно, лично значење, а нејзината најголема сила е што и на многумина од вас им стана мотивација во секојдневието“.