• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Многу ми е жал, нема срцева акција“: Емотивна исповед на инфлуенсерка која имала 4 спонтани абортуси

16 октомври 2026, 14:16
  • cподели

Вчера, на 15 октомври, се одбележа Светскиот ден за подигнување на свеста за загубата на бременост и бебе. Ова е длабоко емотивен ден посветен на сите родители кои се соочиле со една од најтешките животни загуби – спонтан абортус, мртвородено бебе или загуба на новороденче.

Кимберли Џестер Кинг е инфлуенсерка со речиси половина милион следбеници на социјалните мрежи, која секојдневно ја споделува својата борба со неплодноста. Зад себе, таа има четири спонтани абортуси и многу тешки денови исполнети со надеж, болка и разочарување.

Во емотивно видео, таа вчера потсети колку брзо возбудата и среќата можат да се претворат во тага, оставајќи зад себе прашања кои, за жал, никогаш нема да бидат одговорени:

„Дали мислиш дека е момче или дека е девојче?“
„Дали ти се допаѓа името?“
„Не ми се верува дека денеска го слушнавме срценцето.“
„Се прашувам дали ќе личи на тебе...“ 

Во својата исповед, Кимберли сподели зборови со кои се поистоветуваат многу жени кои поминале низ истата болка.

Ако го познаваш она болно чувство на тага, кое ти го стега срцето толку силно што буквално ти го одзема здивот.

Ако ја знаеш болката од возењето накај дома откако ќе ги слушнеш зборовите: „Многу ми е жал, нема срцева акција“, обидувајќи се да разбереш како светот може едноставно да продолжи да се движи кога твојот свет целосно застанал.

Ако ги знаеш брановите на тага кои одненадеж те преплавуваат, дури и кога си мислела дека денот ти е убав... Начинот на кој таа болка секогаш останува некаде во заднината на твоите мисли, без разлика што правиш.

Ако знаеш како е спиењето да биде единственото време кога не размислуваш за тоа, само за да се разбудиш и повторно да се соочиш со суровата реалност.

Ако ја знаеш болката да ти недостига некој, со кого никогаш не си добила доволно време, тагувајќи по целиот живот спомени кои никогаш нема да имате можност да ги создадете.

Тука сум со тебе. ❤️‍🩹

Денес му оддавам почит на моето момче кое го изгубивме во јуни, како и на другите три бебиња за кои никогаш не добивме можност да дознаеме дали беа момчиња или девојчиња. Четири мали животи кои беа бескрајно сакани. Четири бебиња за кои до крајот на животот ќе посакувам да можев да ги држам во раце.

На секоја мајка која ја познава оваа болка, од сè срце посакувам ниту една од нас да не мораше да помине низ неа. Посакувам нашите бебиња да беа тука. Посакувам нашите приказни да беа поинакви.

И се надевам дека знаеш дека, без разлика колку рано си ја изгубила бременоста, колку време поминало или дали некој друг воопшто знаел дека твоето бебе постои, твоето бебе беше важно. Твојата тага е важна. И не си сама ❤️‍🩹“ – напиша Кимберли.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kimberly Jester King (@kimberlyj_king)

Претходно, Џестер Кинг сподели уште едно емотивно видео со сопругот, посветено на нејзината четврта по ред загубена бременост. Во објавата, Кимберли отворено проговори за последиците од повторените абортуси, но и за силата која ја пронашла во најтешките моменти.

Нашиот четврт спонтан абортус.

Нашата трета загуба во период од само 9 месеци.

Не мислам дека постојат зборови со кои може да се опише сè што ми одзедоа овие последни 9 месеци.

Постојан круг на надеж и скршено срце. Тагување по бебињата за кои се молевме и по верзијата на оваа година за која мислев дека ќе ја живееме.

Секоја загуба ме промени на свој начин. Но, по оваа, размислував за многу работи на кои сум горда.
Горда сум на мене затоа што продолжив да се појавувам и да го живеам секој нов ден, и покрај тагата. Заради моите деца. Заради мојата работа. Заради луѓето коишто ги сакам. И заради самата себе, дури и кога тагата ми изгледаше неподносливо тешка.

Горда сум на моето тело и на сето она низ што помина. Шест бремености, хормонални промени, загуби, лекови за плодност, третмани, земање крв, лекарски прегледи и постојано почнување одново...

Горда сум што го кренав мојот глас. Споделувањето на искуствата со неплодноста и загубата на бременоста бара огромна ранливост и храброст. Но, ако мојата приказна ѝ помогне на барем една жена да се почувствува помалку осамена и ако преку неа барем еден човек повторно му се приближи на Исус, тогаш вреди.

Кимберли е мајка и на 4-годишниот Хенри и 2-годишната Елонор. И покрај болката низ која помина, таа продолжува отворено да зборува за неплодноста и загубата на бременоста, со надеж дека нејзиното искуство ќе им помогне на други жени да знаат дека не се сами.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kimberly Jester King (@kimberlyj_king)

Tags
спонтан абортус

Најнови

  • „Многу ми е жал, нема срцева акција“: Емотивна исповед на инфлуенсерка која имала 4 спонтани абортуси

    Fri, 10/16/2026 - 14:16
  • „Ѝ укажав дека сум лице во инвалидска количка, наместо трпение добив навредливи зборови“: Дарко со порака по немила случка во Скопје

    Fri, 10/16/2026 - 13:25
  • ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

    Fri, 10/16/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.