• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена добива букет и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин секоја година по неговата смрт

15 февруари 2024, 10:20
  • cподели

Дијана Мејвер доживува емотивно изненадување секоја година за Денот на вљубените.

77-годишната жена добива букет цвеќе и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин шеста година по неговата смрт.

Дијана и Џон се запознале на 16-годишна возраст и биле во брак 47 години. „Имам само едно срце и тоа си ти. Ти секогаш ќе бидеш мојот Валентин. Те сакам Дијана. Со љубов Џон“ – пишува на пораката.

Дијана Мејвер

Букетот секогаш е направен од црвени рози и бели кринови. „Рози и кринови, бели кринови. Тие ја прикажуваат нашата љубов еден за друг“ – изјавила Дијана.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер Дијана Мејвер

„Преку некаква магија, секога година букет цвеќе се појавува пред нашата влезна врата за неа од мојот татко“ – изјавила ќерката Марили.

„Треба да ја видите насмевката која се појавува на нејзиното лице кога ќе пристигнат цвеќињата. Ја облева неверојатна радост. Таа едноставно знае, знае дека тој е таму со неа“ – дополнила ќерката.

Дијана Мејвер

„Татко ми многу ја сакаше мајка ми и секогаш велеше дека тие се едно“ – вели Марили и додава: „Вистинската љубов постои. Љубовта може да постои низ животот и смртта. Мојот татко е ултимативниот романтичен тип“.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер

Дијана и Џон имаат три деца.

Дијана Мејвер Дијана Мејвер

Најнови

  • „Мајка ми со своето тело го покри креветчето на брат ми“: Исповед на Џина Папас Џокси за кобниот земјотрес во Скопје во 1963 година

    Mon, 07/27/2026 - 09:36
  • Доби изненадување од сопругата Зорана, дуваше свеќи, цела публика му пееше „Среќен роденден“: Саша Ковачевиќ славеше во Битола

    Mon, 07/27/2026 - 08:32
  • Почина легендарниот Гоце Тодоровски, неговата ќерка емотивна: „Срцето не издржа, престана да работи“

    Mon, 07/27/2026 - 07:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.