• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Заврши „Браќа Манаки“: Еве во чии раце завршија главните награди

30 септември 2018, 16:33
  • cподели

Со свечена церемонија синоќа беше затворен Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

На последниот ден од 39-тото издание на најстариот светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, беа доделени главните награди, а потоа публиката имаше можност да ги проследи краткиот филм „Извидник“ (Scout), режиран од Алекс Цветков, и „Црн Кју-клукс-клановец“ (BlacKkKlansman) од режисерот Спајк Ли.

Претседателката на меѓународното жири, Олимпија Митилинеу, го соопшти добитникот на наградата Златна камера 300 која му припадна на јужнокорејскиот кинематографер Кјонг Пјо Хонг за филмот „Горење“.

Браќа Манаки

„Најубаво раскажано од сите филмски приказни што ги видовме, прекрасно изведена, секое движење зад камерата пренесуваше некакво чувство. Совршена комбинација на забава и уметност и снимена на начин којшто природно доаѓаше од приказната. Навистина одлично дело за оваа камера е тоа што успеа да ја стави публиката во главата на главниот актер. Затоа наградата се доделува на Кјонг Пјо Хонг, за филмот ‘Горење’“ – соопшти Митилинеу.

Матијас Тролструп го соопшти добитникот на Сребрена камера 300 која ја освои Ерик Готје за филмот „Пепелта е најчисто бело“.

Браќа Манаки

„Посведочивме како се менуваат времињата, љубовта и маките, но камерата никогаш не беше избрзана. Беше беспрекорна и неуморно го следеше филмското дејствие. Тоа е една бунтовна и интимна приказна, а таква е и камерата. Поради тоа ‘Сребрената камера 300’ оди кај Ерик Готје за филмот „Пепелта е најчисто бело“ – соопшти Тролструп.

Ѓорче Ставрески ја додели наградата Бронзена камера 300, која ја доби полскиот кинематографер Лукаш Жал за филмот „Студена војна“.

Браќа Манаки

„Голема чест ми е што присуствував на овој фестивал. И благодарам на Гена што ме наговори да дојдам овде бидејќи сретнав прекрасни пријатели. Камерата беше еден од многуте брилијантни аспекти на овој филм, кој проследува епска љубовна приказна. Тоа е филм што ја слави долгата традиција на кинематографијата и почувствувавме дека сликите во филмот се безвременски. Тие брилијантно ги доловија промените во атмосферата во различните епохи и места. Затоа ‘Бронзена камера 300’ се доделува на Лукаш Жал за филмот ‘Студена војна’“ – рече Ставрески.

Наградата Мала камера 300 за краток филм ја соопшти Рајнер Клаусман и таа му припадна на Австралиецот Адрик Вотсон за филмот „Сите овие суштества“.

Браќа Манаки

„Овој филм се занимава со многу важна тема, многу е хуман, има прекрасно раскажување и камерата совршено ја надополнува приказната. Наградата за краток филм ‘Мала камера 300’ оди кај Адрик Вотсон за филмот ‘Сите овие суштества’“ – соопшти Клаусман.

Гена Теодосиевска, директорката на фестивалот, ѝ се заблагодари на публиката.

Браќа Манаки

„Трогната сум од сите овие визуелни сензации кои проструија во нас и низ нас. Но, најмногу бев трогната од публиката од Битола која ги посетуваше сите вечерни проекции. Ви благодарам многу! Знам дека денот поминува и дека сево ова утре ќе биде историја. Но, немојте да мислите дека ние не сме тие кои ја прават историјата. Бидејќи секој момент поминат заедно со сите оние кои мислат заедно е едно мало чудо. Благодарам, драга публико!“ – рече таа.

Tags
Браќа Манаки 2018
Браќа Манаки

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.