• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Засекогаш ќе останеш мојот омилен колега“: Игор Џамбазов со емотивна порака две години по смртта на татко му Александар

25 јануари 2024, 08:30
  • cподели

Маестро Александар Џамбазов нè напушти пред точно две години. За да го одбележи овој ден, неговиот син Игор Џамбазов сподели емотивна порака, потсетувајќи се на интересен момент од нивните дружби.

Џамбазов

Причитајте ја пораката во целост:

Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме „колега". Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај „Рубин кармин". На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: „А? Како теткава? Згодна е?"

Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: „Да". Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: "Ова на мајка ти нема да ѝ го кажеш, така?" А јас ти одговорив: „Е нема де, нели сме колеги". И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња.

П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука сè е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Сè на сè стари, ништо не си пропуштил...

Џамбазов

Најнови

  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • „Немаме кола, ќерките носат облека од братучеди“: Македонци кои живеат во Норвешка откриваат како штедат за да патуваат 9 месеци

    Fri, 06/12/2026 - 12:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.