• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Жаре од „Еден на еден“: „Тоше беше друга димензија, таква енергија, да почувствуваш емотивна поврзаност иако не го знаеш човекот“

29 октомври 2026, 13:55
  • cподели

Тоше Проески, човекот кој знаеше да допре до срцата на луѓето дури и без да ги познава лично. Неговата енергија, топлина и искреност создаваа чувство на блискост кои ретко кој успева да го предизвика. И речиси две децении по неговото заминување, спомените и емоциите кои ги буди неговото име се доказ дека некои луѓе оставаат трага која времето не може да ја избрише.

За посебната енергија на Тоше и емотивната поврзаност која ја будел кај луѓето, зборуваше Жаре од „Еден на еден“ во подкастот „Бајкерот и кросфитерот“. Тој се потсети на харизмата на музичката легенда и чувството кое го предизвикувал дури и кај оние кои никогаш немале можност лично да го запознаат.

„Тоше беше друга димензија. Енергетска. Аура. Физички ти осеќаш дека... Јас не можам тоа да го опишам, и тука ти почнуваш да веруваш во натприродни работи. Кога ќе почувствуваш одредени ствари, коишто се чудни.

Една таква енергија, со самото зборување тебе да ти направи поубаво и да се осеќаш порасположен. Да почувствуваш некоја емотивна поврзаност иако не го знаеш човекот. Чудно“ - изјави Жаре.

Познатиот водител истакна дека и љубовта која публиката му ја даваше била преголема.

„Љубовта којашто му ја даваа, исто беше невидена, нема со што да се спореди.

Јас имав чест, на градски стадион, кога беше последниот негов концерт. Му правам интервју на Тоше, буквално пред да излезе, Сретен Костиќ го шминка, ние си правиме муабет. И излегуваме надвор, излегуваме од северната трибина, долу во едни простории, и полека излегуваме кон јужна трибина, тука му беше сцената. Моментот на излегувањето, ние бевме пет души, тргаме натака и одиме накај сцена. И ние го снимаме од позади. Енергетскиот бран, пази, физичката манифестација на тоа е многу чудна. Не можеш да го опишеш со зборови“ - истакна Жаре.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zarko Batic (@batic.zarko)

„И сега сакам да кажам, тој тоа го доживувал константно. Енергија е сето тоа, и како да кажам, ако си од одреден ков, веројатно знаеш и да го пренесеш на позитивен начин понатаму.

Одредени луѓе не можат да го канализираат, тоа обожавање, таа љубов, и одредени луѓе забегуваат. Дали остануваш да си човек, или почнуваш да си некој деми-бог“ - дополни тој.

Погледнете го гостувањето на Жаре во подкастот „Бајкерот и кросфитерот“:

Tags
Жарко Димитриоски

Најнови

  • Јована Спасиќ: Театарот, музиката и кабарето се дел од мојата сценска приказна

    Thu, 10/29/2026 - 14:04
  • Жаре од „Еден на еден“: „Тоше беше друга димензија, таква енергија, да почувствуваш емотивна поврзаност иако не го знаеш човекот“

    Thu, 10/29/2026 - 13:55
  • Имате полн плакар, а „немате што да облечете“? Есенски комбинации за нови идеи

    Thu, 10/29/2026 - 13:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.