• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Запросувањето беше на зајдисонце, целосно ме изненади“: Јана Калајџиевска за предлогот за брак на ракометарот Мартин Серафимов на Парос

31 јули 2026, 13:20
  • cподели

Љубовната приказна на Јана Калајџиевска и Мартин Серафимов започнала пред 10 години на кампот на Кире Лазаров во Охрид, каде што се запознале благодарение на заедничката страст – ракометот. Македонскиот репрезентативец го направил првиот чекор и ѝ испратил порака, а од едно сосема обично допишување, се родила љубов која трае речиси една деценија.

Денес, Јана е професорка по физичко образование и одлично ги разбира предизвиците кои ги носи професионалниот спорт, а токму меѓусебното разбирање, трпението и безрезервната поддршка ги издвојува како темел на нивната врска. Летово нивната љубов доби ново поглавје – романтично запросување во Грција, за кое 25-годишната поранешна ракометарка ги откри сите детали за Фемина.

Која беше дестинацијата каде Мартин те запроси? Како се сеќаваш на моментот кога го извади прстенот?

Чувствував огромна возбуда, среќа и љубов

Запросувањето се случи на Парос, на една прекрасна плажа за време на зајдисонце. Искрено, тој момент тешко се опишува со зборови. Сè како да застана за миг и единствено што чувствував беа огромна возбуда, среќа и љубов. Тоа е спомен што ќе го носам со себе цел живот.

Дали очекуваше дека ќе те запроси или успеа целосно да те изненади?

Подраго ми е што ништо не насетив

Знаев дека еден ден ќе дојде и тој момент, но навистина не го очекував тогаш. Искрено мислев дека ќе биде следното лето, па затоа успеа целосно да ме изненади. Денес ми е уште подраго што ништо не насетив.

Колку знаеш, како Мартин го испланирал запросувањето и дали имал помош од блиските? Дали имал трема?

Подоцна дознав дека долго време го планирал секој детаљ. Голема помош имал од мојата сестра, која беше заслужна и за прекрасните фотографии и видеа. Верувам дека имал трема, но одлично ја сокрил. На крајот, сè испадна токму онака како што замислил.

На кого прв му ја соопштивте убавата вест?

Најпрво им се јавивме на нашите семејства. Нивната радост беше речиси еднаква на нашата, а токму тоа го направи моментот уште поубав и поисполнет.

Дали веќе размислувате за свадба и дали имате некаква визија како би сакале да изгледа тој ден?

Секако дека размислуваме, но засега не брзаме. Би сакале тоа да биде ден исполнет со многу љубов, искрени емоции и најблиските луѓе околу нас. Верувам дека токму таквите моменти остануваат најубави спомени. Малку ќе биде и покомплицирано бидејќи и двајцата сме љубители на традиционални свадби, а сме од различни градови – тој е од Скопје, а јас од Струга. Токму затоа ќе треба заедно да го пронајдеме најдоброто решение за да ги споиме двете традиции и да создадеме ден во кој сите ќе уживаат.

Што е она кое најмногу го цените еден кај друг и кое ја прави вашата врска толку цврста?

Отсекогаш сме биле тим – не само кога сè оди добро, туку и во најтешките моменти

Кај Мартин најмногу ги ценам неговата добрина, искреност и лојалност. Верувам дека нашата врска е цврста затоа што отсекогаш сме биле тим – не само кога сè оди добро, туку и во најтешките моменти. Меѓусебната доверба, почит и безрезервната поддршка се темелот на сè што изградивме во изминатите години.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Мартин Серафимов
Јана Калајџиевска
предлог за брак

Најнови

  • Нина Бадриќ

    Нина Бадриќ блесна во цветен фустан со отворен грб, пееше во чест на Оливер Драгојевиќ

    Fri, 07/31/2026 - 14:10
  • Diamond Mall

    Со програма за економско зајакнување на жените Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден

    Fri, 07/31/2026 - 14:10
  • IQOS Охрид

    IQOS отвора ново поглавје во Охрид со простор посветен на информиран избор и лично корисничко искуство

    Fri, 07/31/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.