• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Започнува осмиот Француски филмски фестивал

16 јуни 2015, 15:00
  • cподели

На 17 јуни со филмот „Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“ во ГТЦ, ќе се отвори осмиот по ред Француски филмски фестивал.

Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, Националната агенција за филм, Градот Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо.

ФФФ

Фестивалот ќе трае до 17 до 20 јуни, а програмата како и претходните неколку години, ќе биде поделена во два града и тоа од 17 до 19 јуни во Скопје, а на 20 јуни свеченото затворање ќе се одржи во Охрид.

Предвидено е да се прикажат 8 долгометражни филма, а фестивалските денови ќе бидат свечено затворени во Охрид, со проекција на филмот „Семејството Белие“ (2014), филмско остварување на режисерот Ерик Лартиго.

И оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Г-ѓа Ањес Сорал (актерка), добитничка на почесната награда Златна маска на фестивалот, Г-ѓа Дијан Руксел (актерка), Г-дин Антоан Лоран (актер), Г-дин Фред Корсјал (композитор), Г-дин Брис Даволи (композитор), Г-ѓа Одре Бијар, член на асоцијацијата ОФФ од Трувил и Г-дин Ален Мајор (продуцент).

ФФФ ФФФ

Осмото издание на овој веќе реномиран фестивал е со изменет и збогатен концепт, чија цел ќе бидепрофесионалното претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија, како и нивно вмрежување за искористување на можностите од взаемната соработка. Посебен акцент ќе се стави годинава и на дигиталните уметности, и тоа на тема филм и аудиовизуелни уметности преку организирање на работилници за дигитални уметности со цел изработка на мини-видеа со мобилни телефони (во соработка со македонските асоцијации).

ФФФ

Францускиот филмски фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти и режисери и размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Програма на фестивалот (pdf)
Tags
француски филмски фестивал

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.